Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

НАЗАД

КОГА СЕ ТИЕ ВОЗДРЖАНИ,

ВИЕ ЗАСИЛЕТЕ ЈА СОПСТВЕНАТА АКТИВНОСТ.

(Ако тие од слон прават мравка. Вие од мравката направите слон.)

 

   Овој начин на спротивставување наложува состојба на приправност, радозналост и активно учество. Убедувачите колку што сакаат да ги истакнуваат своите предности или предностите на своите идеи, постапки или производи истотолку сакаат да ги омаловажат или изостават своите недостатоци. Во најмала мерка тие често и со голем труд гледаат да ги изостават недостатоците, проблемите и лошите ефекти на нивните предлози, та можете да сфатите колку незгодно би им било кога доколку вие ги потсетите на нив и ги натерате да ви ги објаснуваат. Затоа внимавајте и откривајте дупки во нивните предлози и потпрашувајте.

   Луѓе со општествена моќ, политичари од власта или опозицијата, практично секој кој е во позиција да се истакнува секогаш ги потенцираат своите добри страни а ги изоставуваат своите лоши страни. Мотивите за изоставување тешко можат да се проценат. Затоа нашата примарна грижа како примачи на информации од убедувачите не треба да бидат мотивите туку последиците. Секогаш да претпоставувате дека нивните недостатоци нема да бидат истакнати и тоа што нивното добро можеби нема да биде и наше добро. Затоа бидете прогресивен критичар, нападнете ги недостатоците на нивните предлози, нека излезе вистината на видело, но немојте никако да бидете само критизер кој напаѓа сî и сешто и критикува непродуктивно.

ДОКОЛКУ ДОЗВОЛИТЕ УБЕДУВАЧИТЕ ДА ГИ ПРЕЗЕНТИРААТ САМО СВОИТЕ ПРЕДНОСТИ ТОГАШ ТАКА И ЌЕ БИДАТ СФАТЕНИ.

БЕЗ ОГЛЕД НА НИВНИТЕ НЕДОСТАТОЦИ.

   Убедувачите, од која и да е општествена форма се обидуваат да ги скријат своите недостатоци преку Изоставување, Диверзија и Збунување.

 

Изоставување

   Секоја комуникација е ограничена, искривена или пристрасна на некој начин, тоа е факт. Во обичната комуникација секогаш не постојат скриени мотиви, манипулација настанува кога изоставувањето на дадени информации е намерно направена, односно со цел да се прикрие некој штетен, за манипулаторот, детал.

 

Диверзија

   Ова значи дека се одвлекува вниманието од клучните теми или од битните нешта преку истакнување на небитните. Засилувањето на небитни теми кои се некако поврзани со проблемот е најчеста појава кога се сака да се одвлече вниманието од суштината на самиот проблем. Покрај оваа шема постојат и варијации како:

поставување и напаѓање на жртвен јарец (не толку битен учесник во дадениот случај),

емотивни напади врз поединец или група и

хумор и забава

кои го одвлекуваат вниманието од клучните теми на дадениот случај кој треба да се прикрие.

 

Збунетост

   Убедувачите кога се соочени со прикривање на некој недостаток често ги прават работите толку сложени, толку хаотични што повеќето од луѓето се откажуваат, се заморуваат или пак се пренатрупани со премногу информации што едноставно не може да донесе правилен заклучок (инфоцид). Ова е посебно опасна работа кога ние сме ставени во позиција да не можеме да донесима правилен заклучок за нештата. Хаосот може да биде наивен резултат на неорганизиран ум или намерно изведена состојба. Убедувач или политички демагог создава ситуација на информативен хаос а потоа нуди "лесно и едноставно решение" кое треба да го голтнат "збунетите".

НАЗАД