|
|
КОНЗЕРВАТИВИЗАМ
Конзервативизам е политичка филозофија која ги почитува начините на однесување и видовите на институции кои опстанале низ вековите. Политички, конзервативистите не сакаат мешање во устоличените форми на политичко однесување и мешање во веќе постоечките институции, нарочито се скептични при големи или сеопфатни реформи затоа што се на страната на традицијата. Ваквиот начин на однесување на конзервативистите во основа не е во тоа што се на страната на традицијата туку затоа што се скептични во човековата способност да редизајнира цел сплет на општествени вредности кои евоулирале и адаптирале на современието човеково. Битна тема за решавање која се претставува пред конзервативисти е: што е тоа што треба да се обезбеди од, да речиме привремен и од заблуда создаден општествен бунт? Колку долго треба да издржи една институција за да ја добие почитта на конзервативистите? При овие прашања конзервативистот треба да навлезе во длабока анализа на природата и целтта на институцијата според некаков стандард. Каде што либералите се осврнуваат на резон при објаснување на општествени појави, однесувања и институции, конзервативистот верува дека резонот може да биде преценет бидејки припаѓа исклучиво кај поединецот и при тоа кон неговите лични мотиви, грешки, предрасуди и др. Конзервативистот поседува песимистички поглед и визија кон човековата природа. Ова го потврдуваат со човековата желба за власт, тие веруваат дека моќта го расипува, со време, и најголемиот љубител на слободата. Тие веруваат дека без силни и моќни институции кои го раководат општеството луѓето поради мегаломанската желба за моќ би се напаѓале едни со други во живот полн со несигурност и страв. Конзервативистите веруваат дека сегашна институција не може секогаш да се вреднува преку рационална анализа од сегашните генерации. Нивното вреднување на институции се состои во приклонувањето на некоја митолошка вредност на човекот или неговото културно потекло кое би дало вредност на некоја институција како света. Во конзервативистичката филозофија се прифаќа дека институциите и моралот еволуираат но и тоа дека нивните слабости и дефекти со време ќе станат очигледни и тие постепено ќе треба да се реформираат. Тие се противат на апсолутистичкиот приод на либералите и на социјалистите во ставот дека една устоличена форма на однесување или дадена институција е валидна и при тоа непроменливо постоечка. Преку ова се гледа дека конзевативистот не е против реформи но сепак е скептичен на можноста која било сегашна генерација или поединец да поседува способност целосно да ги разбере и при тоа да го промени широкиот спектар на однесување и институции кои се појавиле и потврдиле преку мудроста на илјадници години. Во склад со класичните либерали, конзевативистите исто така ја истакнуваат битноста на приватната сопственост во општествени рамки. Тие ја гледаат приватната сопственост како света вредност во слободното и просперитетно општество. Како скептични се појавуваат и во проценувањето на државата, тие повеќе се настреони кон алтернативните институции во општеството како што се, семејството, приватната сопственост, религијата, како и личната слобода на поединецот.
|