Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 НАЗАД

 

ПРЕДГОВОР


 
   Ова е само увертира на нешта што се уште пострашни. Ве уверувам дека ништо во текстот не е наивно или пак доаѓа само по себе, односно, потребни беа и додатни активности кои служеле за да се постигне крајната цел поставена од други. Цел поставена од други исклучиво за контрола врз нас. Овој документ во минатото бил строго доверлив, издаден во 1947 год. како инструкција за раководење со едно општество кое и денес се употребува против населението, барем во нашата држава. Сами заклучите кои од 45 точки и денес наоѓаат примена.

     Нивното негативно дејство од минатото, денес го чувствуваме преку разни скандали, афери, политички и економски бесмислици. Се со цел НИЕ да бидеме контролирани на перфиден начин, за да бидеме тивки, мирни, послушни, апатични, алчни или злобни едни кон други. Со други зборови ние да се јадеме меѓусебе додека тие, кои и да се, си работат на својот случај.



 

НИШТО ШТО СЕ СЛУЧУВА ОКОЛУ НАС НЕ Е НАИВНО,
ЗАТОА НЕМОЈТЕ И ВИЕ ДА БИДЕТЕ НАИВНИ.



Строго доверливо
КАА/08.113
Москва
2.6.1947 год.
Инструкција НК/003 47


1. Во зградата на претставништвото да не се примаат локални информатори. Средбите да се организираат од наши специјални служби на јавни места. Претставништвото прима информации преку специјалните служби.

2. Да не се дозволи контакт меѓу нашата војска и цивилните лица од земјата. Се забранува посети на локални лица од нашиот офицерски состав, контакт на војници со локални жени или на војници од земјата и нашата војска.

3. Да се забрза ликвидирањето на граѓани кои учествуваат во или симпатизираат партии и организации од пред војната и се оформени без наша согласност. Да се искористат за таа цел сите конфликти и недоразбирања меѓу нив, а исто така и вооружена опозиција.

4. Во политичките репресии да се ползуваат војници од армијата (создадена на нашата територија) и потоа да се ликвидираат тие војници.

5. Да се забрза соединувањето на сите социјалистички партии во една - комунистичка, откако сите водачи на тие партии бидат дополнително утврдени од органите на нашите специјални служби.

6. Да се обединат сите младински организации во една - комсомолска - со водачи, утврдени од нашите служби. Пред обединувањето да се ликвидираат сите водачи на бившите младински организации.

7. Делегатите на партиските конгреси да немаат мандат по конгресот. Да се елиминираат делегатите што се активни. За секој нареден конгрес да се избираат делегати, утврдени од нашите служби.

8. Да се прави ситематско испитување на луге - добри организатори и специјалисти кои се популарни. Тие луге да се привлечат кон нас, а ако откажат - да не се остават на раководните должности.

9.Да се организира - сите државни службеници, освен милиционерите и рударите да добиваат мали плати. Тоа особено да се однесува на здраствените служби ... судско-извршни служби, образованието и културата.

10. Кон сите органи на власта и сите важни фабрики да се влкучат луѓе кои соработуваа со КГБ. Тоа да се прави без знаење на државната локална власт.

11. Да се обрне внимание на печатените медиуми да не цитираат сумарни количества и видови стоки кои се испраќаат во СССР. Да се посочува дека тоа е разменска трговија.

12. Локалните власти да не им издаваат на купувачите на земја, куќи и парцели, нотаријални акти, туку акти за користење.

13. Да се предложи таква специјална економска политика за приватното селско стопанство, така што тоа да биде со ниска производност и ефикасност. Во втората етапа да се започне колективизација на селското стопанство. Ако се појави силна опозиција - да се намали приливот на средствата за производство и да се зголемат даноците кон државата. Ако и од тоа нема ефект, тогаш селското стопанство да се доведе во состојба да не може да ја исхрани државата и да се смета на увоз на храна од надвор.

14. Да се формулираат сите закони, укази и општи уредби за организација, економија и правда, така што да не се дава точно и прецизно толкување (со исклучок на воените).

15. За секој проблем да се создаваат комисии, совети, инструкции итн., така што никој од тие да нема право на конечно решение без консултации со другите.

16. Самоуправните органи на фабриките да не може да влијаат врз дејноста и развојот на претпријатието. Тие можат да се занимаваат само со исполнување на определени задачи.

17. Синдикатите не може да се спротивставени на дирекцијата. Да се натоварат синдикатите со други задолженија: организирање на одмор, културна и друга забава, екскурзии и делење на дефицитарни стоки, и потврдување на мислење и карактеристики од политичката власт.

18. Да се авансираат такви работници и началници, кои редовно ги исполнуваат бараните службени задачи, но без склоност кон анализа на проблемите надвор од задачите.

19. На сите одговорни раководители на партиски, државни и стопански дејности да се создаваат услови кои ги компромитираат во очите на потчинетите, за да се исклучи можноста да се вратат во средината од која се излезени.

20. Офицерскиот кадар од локалната армија може да извршува одговорни должности само во услови кога таму има наши соработници од КГБ.

21. Да се организира специјален надзор за количеството муниција за сите видови оружје на секој арсенал. Обуката со боева муниција да се прави само при строга контрола.

22. Да се опфатат под специјален надзор сите лаборатории при КИИ.

23. Да се обрне посебно внимание на сите иноватори и рационализатори, а сите поважни изуми и предлози да се регистрираат во нашите централи. Да се дозволи реализација само на изуми кои се однесуваат на реализација на рударството. Важните изуми да се продаваат во странство. Да не се дозволи објавување на вредноста на изумите.

24. Систематски да се нарушува транспортниот систем во земјата (со исклучок на нашиот специјален транспорт).

25. Да се оддржуваат симпозиуми и конференции и да се запишуваат предлозите и говорите, како и да се регистрираат говорниците, но за реализацијата да се применува само предлозите дадени од оваа инструкција.

26. Да се популаризираат интервјуата со работници за актуелни производствени проблеми, како се критикува непродуктивноста, но не треба да се ликвидираат причините за тие проблеми.

27. Сите обраќања кон народот од официјални службеници и водачи да опфата историски и народни акценти, но да не се проповеда дух на обединување на целиот народ.

28. Да се обрне внимание во сите новоизградени градови и квартови да не се изгради друг освен главен водовод. Сите стари извори о локални водоводи да се ликвидираат систематски.

29. При модернизирање и проширување на фабриките да се обезбеди истекување на загадените води во реките, кои можат бидат резерва на вода за пиење.

30. Во новоизградените апартмани и куќи, а исто така при планирањето да не се предвидуваат помошни простории за чување прехранбени стоки и за одгледување животни.

31. Приватните работници и претпријатија да се снабдуваат со неквалитетни суровини и услуги, со што да се осигура производството на неквалитетни продукти и цени, повисоки од државните.

32. Да се создадат услови за максимален развој на администрацијата по сите нивоа - реонски,
општински, градски. Може да се дозволи критика на администрацијата, но да не влијае за нејзиното намалување или попрецизна работа.

33. Да се контролира само исполнувањето на планот на претпријатијата, производство на суровини и друго производство, вклучено во нашата инструкција. Забрането е исполнување на планот за производи и стоки за внатрешен пазар.

34. Специјално да се набљудува црквата и да се создаваат услови и програми за обука на младината за натрупување омраза кон неа. Специјална контрола да се спроведува над црковните печатници, библиотеки, архиви, проповеди итн.

35. По сите основи, стручни и средни училишта да ги отпуштаат учителите кои имаат голем авторитет и ја ползуваат популарноста меѓу учениците и населението. На нивно место да се назначат нови. Учебните програми да се направат така што ќе се изгуби врската меѓу изучуваните предмети. Да се ограничи производството на учебни помагала. Да се маргинализира изучувањето на латински, старо грчки, општа филозофија, логика, генетика во средните училишта. По историја да не се објаснува што правеле царевите за доброто на земјата, туку да се истакнуваат тиранијата и борбата на угнетениот народ. Во професионалната обука да се инсистира на тесна специјализација.

36. Да се организираат државни митинзи на годишнините од борбата против окупаторите (со исклучок на Русите), на кои се потенцира борбата против Германците, а пред се борбата за социјализам.

37. Се забранува да се објавуваат во средствата за информирање и во книгите, податоци за луѓето кои живееле пред револуцијата и по Втората светска војна.

38. Ако се организираат или создадат организации кои го подржуваат партнерството со СССР, но се обидуваат да ја контролираат дејноста на државните органи, да се обвинат за шовинизам и национализам (нашите активности се независни од органите на државата). Начин на дејствување:
уништување на нашите гробници, објавување и размножување на повици, во кои се исмејува рускиот народ, руската култура и договорите меѓу СССР и државата. Кон таа пропаганда да се ангажираат граѓани од земјата и да се исползува постоечкото незадоволство кон СССР.

39.Да се покаже грижа за изградба на патишта и мостови, за да се подготви за евентуална интервенција, така што нашите војски најбргу и од сите насоки да пристигнат до центрите на опозиционите сили.

40. Да се уапсат сите политички противници. Специјално да се испитуваат противниците кои имаат авторитет меѓу населението. Да се ликвидираат сите политички противници и потоа да се обвинат за
тешки криминални престапи.

41. Да не се дозволува рехабилитација на луѓе судени во политички процеси. Доколку мора  да се дозволи рехабилитација, но под услови таа да биде објавена како судска грешка, без започнување на истрага и обвинение против виновните за судското решание.

42. Не може да се најдат пред суд луѓе со должности, дадени од партијата, независно што тие се виновни за економска загуба и се омразени од потчинетите. Во драматични ситуации треба да се преместат на друга еднаква или повисока должност во друга област или град. Во крајни ситуации тие луѓе да се назначуваат на нераководни места, како би можеле да бидат исползувани како кадровски резерви во друго време.

43. За луѓе кои немаат подршка од нашите специјални служби, може да се објавуваат судски процеси (особено се однесува на кадри од армијата, генерални директори, министри), во кои се обвинуваат за дејности против народот, социјализмот, индустријализацијата. Тоа ќе ја зголеми будноста и ќе ја мобилизира работничката класа.

44. Да се спроведе систематска контрола на луѓе на одговорни должности кои потекнуваат од работничката класа и имаат најниски квалификации.

45. Да се води постојана грижа за систематски избор на луѓе за високите институти, кои потекнуваат од најниската категорија од населението или професионално незаинтересирани луѓе кои се стремат само кон добивање диплома.
 

 НАЗАД