Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Назад

АНАРХИЗАМ

 

Политичко значење на Анархизмот претпоставува општествен и политички систем без држава или поопширно, општество без хиерахиски и авторитарни стуктури. Општиот пристап на анархистот е да истакнува дека водењето на добриот живот е возможно само преку недостаток на ограничувачки општествени структури. Според нив каква било институција или морал која не се совпаѓа со начинот на живот кој е избран слободно треба да се напаѓа, критикува и одбива. Битната тема за анархистот се да дефинира што претставува вештачка творба на ограничување а што е природно ограничување или доброволна активност.

Одбивање на секакво ограничување на активноста на личноста, вклучувајки тука и општествени структури кои може да се појават спонтано како на пример: родителски авторитет, пари, правни институции и права на сопственост. Анархистот со неговата политичка филозофија бара универзален егалитаријанизам каде што треба секој да одговара за себеси и не повеќе од себеси во согласност со своите лични вредности кои би биле со еднаква морална и политичка тежина како и кај другите.

Без оглед на политичкиот правец кој го завзема анархизмот и дали претендира кон индивидуализмот или колективизмот се поставува прашањето: Како едно анархично општество треба да се создади и оддржи? Тука постојат филозофски проблеми кои бараат строго разгледување на непостојаностите кои би се појавиле од недостатокот или непостоењето на хиерархиски систем и институции од правен карактер.

Зборот анархија е од грчкиот збор "анаркос" со значење "без водач". Значи, анархизмот и неговата филизофија бара да спроведе во дело општество без водство, без институции кои би ја ограничиле слободата.

 

Назад