|
|
P R E D G O V O R |
|
Овој сајт има намера да ги објасни причините и последиците кои го кочат македонецот во неговиот развој како народ и како поединец. Не само што ке ги објасни туку и ке предложи конкретни решенија и ќе претстави страници кои би биле во полза на македонецот во самозаштитата од контрола врз неговиот живот
Дефинитивно се врши до ден денешен контрола врз македонецот како индивидуа а преку тоа и како народ, иако тој сега има своја организирана и независна власт, односно држава. Таа контрола ја вршат политичките партии, странски институции, непрофитни организации, односно секој еден кој има интерес некоја своја идеа да ја спроведе во стварност.
Можеби веќе сте констатирале дека не сте контролирани и манипулирани и дека овој сајт ќе биде само трошење на вашето време. Јас само ке ве прашам, "Доколку ја чувствувате контролата нели би реагирале на некаков начин да се отргнете од неа?" Контролата за која зборувам треба да ја сфатите како заведување, затоа што и мирниот македонец жестоко би реагирал во одбрана на себеси од силување. Кога велам заведување, мислам, никој со сила не ве форсира да прифаќате дадени светогледи или идеи туку според систематското пролиферување на искривени информации самите ќе го направите тоа. Веќе ја знаете нашата народна изрека "илјади пати кажана лага станува вистина". Истото важи и за дејства, не само за зборови. Попрецизно кажано, доколку еднаш се направи преседан тогаш очекувајте тој преседан, со мала помош од некој со личен интерес, да постане практика.
Како пример би навел, еве да речиме, крадењето. Доколку еден чин на криминал како што е крадењето помине неказнето, доколку е прв таков случај, тогаш се прави преседан врз кој би се повикал друг крадец врз основа на тој преседан да не биде казнет. Потоа секој кој има некој свој би барал заштита од казнување на сторен криминал преку тој преседан. Со тек на време и бројност на неказнети криминални дејства како крадењето, преседанот ќе стане практика. За да се оправда неказнувањето на казниви дела ќе се пролиферуваат и повторуваат илјадници лаги кои по силата на нештата ќе станат вистини во општеството. Крадењето, од криминал кој мора да се казнува стана практика во секоја пора на нашето живеење и поминува неказнето затоа што сега е преименувано во снаоѓање. На ваков сличен начин во практика се воведени сите девијантни појави кои се во оптек кај нас. Кога ќе се слушнете себеси како ја изговарате фразата "се снашол", "тој е снаодлив" и други варијации на оваа зборовна формула, при тоа објаснувате некого кој се збогатил набрзина и под сомнителни околности тогаш вие сте прифатиле да бидете излажани, вие фактички сте заведени од пропаганда која е пролиферувана за нечија заштита или пак за каков било интерес на некоја општествена групација која посакува својата идеа да ја зпроведе во дејство. Никој не ве силувал да ја прифатите оваа фраза но и која било друга фраза или девијантно општествено дејство, никаква сила не е користена за да ја прифатите против својата волја, самите си ја прифативте затоа што сте заведени а не силувани во тоа. Доколку се користеќе каква било сила, односно да ве силуваат, за да прифатите едно криминално дејство како крадењето и да го нарекувате снаоѓање , верувајте дека ќе сте возвратиле со еднаква или пожестока сила.
Едноставно, прашањето поставено сега е: Дали сакате да бидете силувани или заведени? Секој нормален човек ќе одговори веднаш без подлабоко размислување дека сака да биде заведен а не сфаќа дека крајниот резултат и од двете дејства е ист, различна е само постапката која доведува до целта.
Светот, поточно богатите држави и поединци, меѓународни компании, политички партии, групи од интерес, хуманитарни и невладини организации, култови или пак секој еден кој има интерес неговата идеа да ја претвори во дејство имаат ново оружје. Не е толку ново колку што се начините на кои се користи тоа оружје. Именувано со општ термин Пропаганда, која патем речено е многу тесна и погрешна дефиниција за тоа оружје. Некои тоа оружје го именуваат како Контрола, Психолошки Операции, Политичко војување, всушност не е важно името туку неговата моќ да контролира или разорува цели општества во зависност од намерата на поттикнувачот на ширењето на пропагандни дејства.
Овој сајт ќе ви го разоткрие тоа перфидно оружје и ќе ви помогне да научите како да се одбраните од него како индивидуи и преку тоа како народ.