Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Акти на општината Сопиште

Одлуки


>


Советот на Општина Сопиште на седницата одржана на 31 јули 2001 година донесе Заклучок за прогласување на решението за избор на секретар на Советот на Општина Сопиште. За секретар е избран Мите Петровски, дипломиран правник од с. Долно Соње.


>


На седницата на Советот на Општина Сопиште одржана на 31 мај 1997 година донесена е Одлука за основање на службено гласило на Општината. Заради известување и обезбедување на јавност во работата на органите на Општината се издава Службен Гласник. Во службениот гласник ќе се објавуваат општите и други акти на Советот и Градоначалникот на Општина Сопиште.


>


Советот на Општина Сопиште на седницата одржана на 31 мај 1997 година го донесе Статутот на Општина Сопиште;


>


На седницата одржана на 01 јули 1999 година донесени е Одлука за формирање на МЗ Чифлик и Одлука за формирање на МЗ Говрлево и Барово;


>


На седницата Советот на Општина Сопиште одржана на 24. 01. 2003 година донесено е Решение за именување на претставници на Општина Сопиште во ЗЕЛС и тоа:
- Јовановски Љубиша градоначалник на општина Сопиште
- Алексовски Томислав претседавач на Советот на општина Сопиште

 

Статут

На седницата на Советот на Општина Сопиште одржана на 31 мај 1997 година донесен е Статут на Општина Сопиште. Во Основните одредби на Статутот се содржани информациите за самата општина, кои населени места влегуваат во општината, седиштето на општината, дека општината е правно лице кое располага со свој имот, дека има сопствен печат (со тркалезна форма со пречник од 3,5 см во чија средина се наоѓа името Сопиште и на чии рабови е испишано Република Македонија - Општина Сопиште), дека членува во Заедницата на единиците на Локална Самоуправа на Р. Македонија, дека може да соработува и да се здружува со други општини.


Во однос на надлежностите на општината се вели дека:

Општината во рамките на своите надлежности 
- Донесува статут;
- Донесува буџет и завршна сметка;
- Основа управни иадминистративни органи;
- Основа јавни служби, јавни установи и јавни претпријатија;
- Одредува престапи и казни кога не се почитуваат прописите на општината;
- Основа инспекциски органи;
- Донесува програма за уредување на градешно земјиште;
- Како и други општи акти.


Во облиците на непосредно учество на граѓаните во одлучувањето на општината стои дека тоа се:

- граѓанска иницијатива;
- собир на граѓани;
- референдум.

Како организација и делокруг на работата на органите на општината:

- Совет на општината (како претставничко тело заедно со комисиите и одборите кои постојат во општината);
- Градоначалник на општината;
- Општинска администрација;
- Акти на органите на општината (општи и поединечни акти).


Како имот и финансирање на општината:

- имотот на општината го сочинуваат неподвижни и подвижни предмети, парични средства и права.


Во делот на месната самоуправа во општината, се вели дека во општината има месни заедници и други облици на месна самоуправа. Месните заедници имаат својство на правно лице. Органи на месна самоуправа се: Одбор на месна заедница и Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење. Месните заедници остваруваат соработка со општината пред се со Советот преку одборот за месна самоуправа. Во остварувањето на своите надлежности, месните заедници доставуваат предлози за прашања од секојдневно значење и живеење во населените места (водоснабдување, снабдување со прехрамбени артикли, спорт, животна средина и слично) Месните заедници остваруваат соработка преку разни иницијативи, предлози и информации до надлежните органи и тела на општината. Советот на општината при доведувањето на одлуките и други акти за прашања од непосреден интерес и значење за животот и работата на граѓаните, преку јавна дискусија и анкета обезбедува директно учество на месната заедница со свои мислења и предлози во донесувањето на актите.


Во делот на заштитата на правата на општината е наведено дека:


- Градоначалникот на општината има право да бара судска заштита пред надлежните судови кога на Општината и се попречува вршењето на дадените надлежности.


Во делот на постапката за измени и дополнувања на статутот на Општината е наведено дека:


- Измени и дополнувања на Статутот на општината можат да предложат најмалку 1/2 од членовите на Советот на општината, Градоначалникот на општината или најмалку 10% од избирачите на општината.

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани