Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


За Градоначалникот


Љубиша Јовановски роден на 01 август 1962 година во Скопје. Место на живеење населба Сопиште. По професија геодет. 

Член на ВМРО-ДПМНЕ уште од основањето на партијата, од 1990 година. На локалните избори во 2000 година како кандидат на коалицијата “За промени” беше избран за Градоначалник на Општина Сопиште со мандат во времетраење од 4 години.


Неговата програмска активност го говори следново:

“Општина Сопиште ја гледам како урбано и квалитетно место за живеење не само за жителите на Општина Сопиште, туку и на сите останати жители кои сакаат да живеат во чиста и здрава животна средина, притоа заеднички искористувајќи ги благодетите на нашата територија, а која ги има многу од кои дел се експонирани, а останатиот дел во иднина ќе се афирмираат.” - вели градоначалникот, г-динот Љубиша Јовановски.

“Првите мои активности беа насочени кон унапредување и подобрување на квалитетот на животот во општината. Тоа и го постигнавме со усвојувањето на ГУП, потоа поставување на фекална канализација, формирање на ЈКП Сопиште, улично осветлување, подобрување на инфраструктурата во општината, како и одржување на чистата животна средина. Меѓутоа тука не застанавме. Напротив. Имаме изготвено голем број на проекти кои допрва треба да се реализираат. Во оваа прилика само би ги спомнал:

* Перспективи за развој на општината во наредниот период;

* Изградба на водоводна мрежа* повратен систем Сопиште, Коштан, Горно Соње, Долно Соње, Чифлик, Барово, Света Петка, Говрлево. Паралелно со овој систем се работи интензивно на реализација на проектот “Регионален водовод Патишка Река”, а за кој веќе има изготвена техничка документација и се превземаат мерки за обезбедување на финалната финансиска конструкција со надлежните органи и странски донатори;

* Изградба на структурални објекти на патот кон браната Козјак што ќе го поврзува градот Скопје со Македонски Брод;

* Поврзување на локалните патишта и улици со главната сообраќајница преку нивно тампонирање и асфалтирање;

* Заштита на културно-историските споменици, во соработка со Министерството за Култура на Р. Македонија;

* Изработка на студија за големиот број на пештери што се наоѓаат на територијата на општина Сопиште, во однос на нивна пристапност и адаптација со што би се влијаело на развојот на планинскиот туризам;

* Превземање на активности и контактирање со инвеститорите за доделување на инфестиции за изградба на објекти за мало стопанство во кои би се вработило локалното население и секако би се влијаело за намалување на невработеноста;

* Поставување на времени објекти со предност на решавање на социјалните проблеми во Општината;

* Заштита на човековата околина преку превземање на активности за пошумување на голините;

* Отворање на капацитети на мало стопанство за искористување на природните ресурси согласно законските можности;

* Отворање на ски*центар на планинскиот масив Јакупица, Даутица, Караџица;

* Како една од мерките за развој на туризмот е и изработката на проектна документација за жичара со која ќе се поврзат Сопиште со Милениумскиот Крст;

* Искористување на објектите кои се во сопственост на општината за развој на планинскиот туризам. Постојат идеи како што се училиштата во Јаболци, Горно Соње и Нова Бресница да се реновираат како планински домови;

* Превземање на мерки и активности за изградба на спортски објекти со цел развој на спортот и рекреацијата на младите. Во план е изградба на фудбалско игралиште, игралиште за мали спортови и сала.

Со донесувањето на низа закони и други подзаконски акти сврзани со реализација на Законот за Локална Самоуправа ќе се превземаат мерки и активности кои ќе произлезат од тие прописи, а ќе бидат во надлежност на општината”.

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани