Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Општински Совет



Советот на единицата на локалната самоуправа како претставнички орган на граѓаните одлучува (за прашања) во рамките на надлежностите на единицата на локалната самоуправа. Советот го сочинуваат претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Членовите на советот ги претставуваат граѓаните и во советот на единицата на локалната самоуправа одлучуваат по свое уверување. Со оглед на тоа, член на советот не може да биде отповикан од оние што ги избрале, односно од граѓаните. Неговиот мандат трае четири години. Што се однесува до бројот на избраните членови на советот, имено истиот се определува со статутот на единицата на локалната самуорпава, во зависност од бројот на населението, развиеноста и други критериуми утврдени со статутот, но тој не може да биде помал од 13 ниту поголем од 25 членови. Притоа, Законот за локалната самоуправа, од гледна точка бројот на жителите, утврдува пет групи на единици на локалната самоуправа во поглед на бројот на членовите на советот што се избираат и тоа, во случајот со општина Сопиште, во единицата на локалната самоуправа до 10.000 жители 13 члена. 

Советот на Општина Сопиште го сочинуваат:


Томислав Алексовски. (Ракотинци) -
Претседавач на советот
Зоран Симоновски. (Ракотинци)
- Заменик на претседавачот
Богољуб Лазаревски (Сопиште)
Зоран Јовановски (Припор)
Љубе Костовски (Долно Соње)
Тихо Петревски (Долно Соње)
Николче Аврамовски (Сопиште)
Борче Спасовски (Долно Соње)
Љупчо Мицевски (Припор)
Љубе Блажовски (Добри Дол)
Бафти Рамадановски (Света Петка)
Киро Ѓоревски (Припор)
Бошко Стојановски (Сопиште)

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани