|
Животна средина
Страна: |:1:|:2:|
|
Лошите услови, по стандардите за квалитет на живеењето и здравјето во училишните згради, негативно влијаат на голем број ученици. Сите фактори условуваат нехигиена, намалена способност на децата за учење, проблеми во наставата и во здравствената состојба на децата и незаинтересираност за настава и др.
|
Состојбата со сообраќајот и транспортот е лоша. Недоволната опфатеност на селата со јавниот градски превоз директно е поврзан со нискиот степен на квалитетот на живот на целата Општина.
|
|
Градење објекти надвор од границите на урбаното подрачје, непочитување на законите, градењето на плодно земјиште, непостоењето терени за спорт и рекреација и непочитувањето на старите архитектонски изгледи на традиционалните куќи, влијаат за неквалитетен живот.
|
Непознавањето на спелеолошките објекти, недоволната истраженост, како и непостоењето на документација за нивното значење, доведува до уништување на многу важни објекти кои се од големо научно, историско и туристичко значење, или преку исфрлање на отпадоци во нив се загадуваат водите. Како опасност по здравјето на луѓето се јавува опасноста од пропаѓање на луѓето во јамите, заради нивното непознавање.
|
|
Шумите и воопшто зелените површини имаат големо влијание врз здравјето на човекот и квалитетот на живот. Со нивното уништување, се зголемува опасноста од ерозија на земјиштето, уништување на плодните површини и животинскиот свет. Општината има богат биодиврзитет и жителите треба да го познаваат, со цел да се избегне уништувањето на ретките видови растенија и животни, а кои се од големо значење за науката.
|
Згора на тоа населението не е доволно информирано и едуцирано за важноста на еколошката средина и неопходноста од нејзина перманентна заштита, така што не е загрижено за уредувањето на локалитетите и нивно одржување. Граѓаните не ја чувствуваат потребата од самоорганизирање со цел спроведување на еколошки акции. Не постојат самоиницијативи за решавање на битните прашања кои им пречат со години, ниту за информирање, зашто луѓето таа улога ја препуштаат на некој друг.
|
|
Нискиот степен на образование (гледано
во целост) и нискиот животен
стандард имаат големо влијание во
степенот на одржување на личната
хигиена и хигиената на исхраната.
При детерминирањето на еколошките проблеми и спроведувањето на активности за нивно санирање и решавање, важна улога има јавната партиципација на граѓаните. Жителите сметаат дека со подобрено јавно учество ќе се постигнат повеќе цели за заштита и унапредување на животната средина и природата и подобрувањето на квалитетот на животот. При тоа треба да се создаде партнерски однос меѓу жителите, локалната самоуправа, институциите на извршната власт и стручните лица. На тој начин жителите ќе ги разберат, ќе ги прифатат и ќе ги поддржат бројните продуктивни консеквенци, се вели во ЛЕАП Документот на општина Сопиште. |
|
|
Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс: |
|
|
|