Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Ѕоле Стојчев (Агеш паша)

Роден е во с. Баница, Леринско. По печалбарството во Цариград, во 1902 година се враќа во родното село и станува член на ТМОРО, а потоа комита и секретар во четата на војводата Т.Кљанџо. За време на Илинденското востание бил војвода на Леринскиот револуционерен округ и учествувал во повеќе борби. Продолжил да дејствува како лерински војвода и по востанието. За време на Хуриетот бил за соработка со Младотурскиот режим и верувал дека само така ќе се сочува целоста на Македонија.

На 31 декември 1909 година во Лерин, по завршувањето на митингот на кој претседавал, во една слаткарница бил убиен од Турчинот Садреадин во знак за одмазда за божемното убиство на Шаназ-ефенди.

<< Претходна | Следна>> | Именик