Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Трајко Ѓотов

Роден е во с.Драгомирци (денес Пеонија), Кукушко во 1870 година.
По влегувањето во редовите на ВМОРО е четник кај В.Килифарски и Г.Тотев, а покасно станува војвода на своја чета во Кукушко.

За време на Илинденското востание учествува во борбите кај селата Аматово и Постолар. На 13 октомври, заедно со четите на Апостол војвода и И.Карасулијата, во голема борба ги разбиваат испратените против нив, пешадија и коњаница собрани од Гевгелија, Ениџе Вардар и Гуменџе.

Во 1912 година учествува во Балканската војна со своја чета на помош на Македонско-одринскиот корпус, предводен од Т.Александров.

Умира во 1941 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik