Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Тале Христов

Роден е на 29 јуни 1878 година во Прилеп. Се школувал во Прилеп и Битола, По завршувањето на гимназијата во Битола станал учител во родниот град. Уште како ученик во Битола, стапил во редовите на ВМОРО. За време на учителствувањето работел на јакнење на револуционерната организација во Прилеп и Прилепско. Уапсен е и лежи една година во Битолскио затвор.

Во мај 1903 година учествува на Смилевскиот конгрес, како делегат на Прилепскиот револуционерен округ. По конгресот е во четата на П.Ацев.

Во судирот со турскиот аскер во месноста Студена ливада, с.Беловодица, Прилепско, бил опколен од турски аскер и во борбата бил тешко ранет. Успеал да се скрие во една пештера, каде по неколку дена искрварил и умрел на 23 јули 1903 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik