Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Иљо Малешевски - Дедо Иљо

Познат е и како Иљо Марков Мустрекински, Иљо Војвода. Роден е во Берово 1805 година. Ајдутски водач и четнички војвода кој десетина години се движел со чета во Малешевијата, Пирин и Рила. На 5 јуни 1862 година  зел учество во борбите против турскиот гарнизон во Белград, со еден доброволечки одред од 400 Македонци.

Со свој одред учествувал во Српско-Турската војна во 1876 година, каде бил тешко ранет и се лекувал во Србија, а потоа и во Руско-Турската војна во 1877-78 година за ослободување на Бугарија. Во последните денови од војната, заедно со една руска единица го ослободил Ќустендил. Со своја чета од 200-300 востаници учествувал во Кресненско-Разлошкото востание во 1878-79 година, а во голема чета составена од Македонци дејствувал и во Српско-бугарската војна во 1885 година. По појавата на четите на ВМОРО, веќе стариот Иљо војвода им дава вредни совети на многу од четниците на пат од Бугарија  за  Македонија, за да го добијат неговиот благослов.

Умира на 17 април 1898 година во Ќустендил, Бугарија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik