Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Христо Чернопеев (Черну Пеев)

Бугарин по националност, роден на 16 јули 1868 година во с. Дерманци, Плевенско. Основно образование завршил во своето родно место. Од 1889 до 1899 година бил подофицер во бугарската армија, и потоа се вклучува во редовите на ВМОРО. Во почетокот на 1900 година влегол во Реонската гевгелиска чета на М.А.Попето, за по некохј месец да стани самостоен војвода во Кукушко.

Како горноџумајски војвода зел учество во аферата со американската протестантска мисионерка Елен Стон. По завршувањето на аферата „Мис Елен Стоун“, учествува во борбата против врховистичките чети на ген. Иван Цончев.

За време на Илинденското востание учествувал во повеќе борби во Разлошко. По Илинденското востание е раководител на Струмичкиот револуционерен округ, а после Младотурската револуција, заедно со Ј.Сандански ја формираат Народната федеративна партија во Солун во 1909 година. Но потоа доаѓа до разидување меѓу нив.

Кон крајот на 1909 година минува во илегала и во 1911 година е вклучен во ЦК на обновената ВМОРО, заедно со П. Чаулев и Т.Александров.

Учествува во Балканските војни како војвода на чета, а за неговиот придонес е одликуван со орден „За храброст“ III степен.

Во февруари 1914 година е избран за пратеник од листата на Либералната партија на Радославов.

Загинува како офицер на бугарската армија за време на Првата светска војна, на 5 ноември 1915 година, во битката кај Криволак, кај с.Пепелиште.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik