Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Александар Хаџи Панов

Роден е 1875 година во Прилеп. Потекнувал од богато трговско семејство. Се школувал во Солунската егзархиска гимназија и таму во 1894 година станал член на Македонската револуционерна организација. Во Организацијата бил воведен лично од Д.Груев. По завршувањето на гимназијата се вратил во Прилеп и работел како учител. Во исто време мошне ангажирано ја ширел револуционерната идеја и во истата 1894 година го формирал првиот Месен комитет на ТМОРО во Прилеп.

Бил претседател на Прилепскиот комитет до 1895 година, кога се запишал на електроинженерство во Париз. Таму се разболел, се вратил во Солун, каде умира на 19 октомври 1900 година. Прераната смрт ја прекинала неговата револуционерна дејност.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik