Поради се поголем интерес за оваа песна истата ја ставаме на оваа страна за превземање! Ова ви го овозможува МК Сењак при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип. Со самото превземање на песната вие  давате подршка  на ВМРО-ДПМНЕ и  Никола ГРУЕВСКИ на  престојните  Парламентарни избори.

         Музиката и текстот се на Мирче Кикиритков, ја пее штипјанецот Зоран Настов а аранжманот е на Зоран Ванев.Штипјанецот Мирче Кикиритков ја подготви песната во која се опева ликот и делото на водачот на македонската опозиција Никола Груевски. Нарачател на песната е штипјанецот Ангел Зафиров, попознат како бате Геле, кој многу години работи во странство, прво во Чешка, а сега во Соединетите Американски Држави.
“Песната за лидерот на опозицијата Никола Груевски, кој има штипски корени, е исклучително музикална со певлив рефрен, лесно прифатлив од масите", вели авторот  Мирче Кикиритков.
“Јавно тврдиме дека песната за нашиот претседател нема да биде користена во пропагандно-политички цели, бидејки нашата партија веќе си има своја официјална химна. Покрај брат Љубе, кој доби песна во екот на воената криза во 2001 година, Груевски стана првиот партиски лидер или опеан жив војвода, чест која не ја имаше ниту Љупчо Георгиевски кога беше лидер на партијата", се вели во соопштението кое оваа партија го испрати до медиумите.
Инаку, еден стих од песната за Груевски гласи вака: “Народе македонски, доста беа поделби, доста беа лажни пророци. Никола, Никола мајка го роди народ да води, Никола Груевски господ го прати верба да врати..."
Инаку, Кикиритков  е автор и на песната за Тодор Александров.