Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

БРЕД ПИТ

         
ДОМА БИОГРАФИЈА ФИЛМОГРАФИЈА ГАЛЕРИЈА НОМИНАЦИИ

 

 

Персонално

 

Вилијам Бредли Пит е роден на 18.12. 1963 во Шоуни, Оклахома, САД. Израснал во Спрингфилд, Мисури. Пред да стане актер, работел како возач и доставувач, професии кои му носеле пари доволни за скромен живот.

Семејство

 

Татко: Вилијам Пит

Мајка: Џејн Пит

Брат: Даг Пит, роден 1966, поседува комјутерска

Сестра: Џули Пит, родена 1969, мажена, има едно дете

 

Кариера

 

Овој блондинест убав актер се прослави како еден од најпознатите секс симболи на 90-тите години во Холивуд. Неговото прво појавување на големиот екран беше со улогата во сапуницата Dallasво 1987 година. Потоа му следеа неколку мали улоги во Славни денови” (Fox, 1990), Телма и Луиз” (1991), A River Runs Through It” (1992), Калифорнија” (1993). Прва позначајна улога му беше во филмот на Квентин Тарантино Интервју со вампирот (1994), неговите актерски способности подобро беа докажани во филмот Legends of the Fall (исто така 1994). Кога почна да добива гламурозни улоги, беше и избран за Најсекси човек на планетата од магазинот People. Во 1995 играше во Седум заедно со Морган Фримен, имајќи улога на детектив кој брка сериски убиец. Во 1995 беше номиниран за престижната награда Оскар за најдобра споредна машка улога во филмот 12 Мајмуни. Потоа му следеа низа на успешни филмови како: Седум години на Тибет” (1997), Запознајте го Џо Блек (1998), Боречки клуб” (1999), Снеч” (2000), Mексиканец” (2001) и многу други.

 

Придружба

 

·        Гвинет Палтроу - се верија во ноември 1996, а се разделија во јуни, 1997 година.

·        Џенифер Анистон - започнаја врска во пролетта 1998, се венчаа на 29.07.2000 во Малибу, Калифорнија, се разведоа 5 години подоцна.

·        Анџелина Џоли – се запознаа на снимањето на филмот Г-дин и Г-ѓа Смит. Додека сеуште Бред Пит беше во брак со Џенифер Анистон, се разви романсата Бранџелина, што беше и една од причините за неговиот развод. Моментално се планира венчавката на Пит и Џоли. Бред Пит веќе ги посвои двете посвоени деца на Анџелина.

 

Образование

 

Завршил новинарство на Универзитетот во Мисури, Колумбија (1982-1986)