Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!




 

ТРОПАРИ И КОНДАЦИ НА СВЕТИИ

Секој празник има своја богослужба, а тоа се околу сто песни, посветни на празникот. Овие богослужби се запишани во книги што се викаат Минеи. Постојат 12 минеи со богослужби за секој ден во месецот, за сите светии во годината. Во МПЦ има и два, скратени минеи, тоа се две големи книги, том 1 и том 2, со богослужби за поголемите празници, од целата година. А останатите 12 минеи до пола се преведени на македонски, значи наскоро ќе ги имаме сите богослужбени книги на нашиот мајчин јазик, благодарение на От. Јован Таковски и некои благочестиви христијани кои покренаа иницијатива за преведување на овие свештени богослужби.
Секоја богослужба е поделена на два дела, прво вечерна, и потоа утрена. Пеачите обично неколку дена пред празникот вежбаат неколку песни од богослужбата на празникот што доаѓа, за да ги пеат во црква, но убаво е да се пеат и дома, и надвор во соодветна прилика, во слава и чест на празникот.
Поважни песни од службата на празникот се Тропар, Кондак и Величание.
Тропар, во минејот се наоѓа на крај од вечерната. Во црква се пее на крај од вечерна, на утрена се пее после шестопсалмие 2 пати заедно со богородичен, се пее и на крај од утрена после велико славословие, и на литургија се пее заедно со кондак веднаш после блаженствата. А кондак, се наоѓа во минејот во утрената служба, во канонот веднаш после шестата песна.
Величание имаат само поголеми празници, песната се наоѓа на почеток од утрена. 
Глас ... укажува според која мелодија се пее или се крои тропарот или било која песна од службата. Денес голем дел од песните се снимени и може да се слушнат на јутуб, каде може да се научат и потоа службите да се пеат на македонски, според мелодијата што сме ја слушале на јутуб, а ова се вика кроење.
Тропар на Арх. Гаврил,
на ЈТ не можев да најдам, но истиот, генерално, може да се крои според мелодијата на било кој тропар, од истиот глас.
Пребарување за тропари глас 4ти на ЈТ :
απολυτίκιο ηχος δ

   
Св Наум 3 Јули Гл 4   

Откако се соедини со Христа си го оставил телото Науме преблажени             Тропар Гл 4
Духовно живеејки си се грижел да се подвизуваш како Апостолите
И за верата го придоби неизбројното мноштво Мизијско
Затоа со твоите молитви избави не од искушенија
СИ: Пречесниот спомен на твоите светли подвизи е како големо сонце
            Кондак Гл 3
Кое свети просветлувајки ги сите оние што те слават тебе
Бидејки изгонува секаква болест и бесови
Поради тоа собрани со љубов верно да го прославиме


   Свети Јован Крстител Раѓање 7 Јули

  
Св Петар и Павле – 12 Јули Тропар Гл 4

На апостолите првопрестолници, и на вселената учители
Господарот на сите молете Го, мир на вселената да и дарува
И на душите наши милост голема
.

СИ: Сигурните и Богогласни проповедници врвот на Апостолите Твои              Кондак Гл 2
Господи си ги примил во наслада и покој на твоите добра
Бидејки нивните страдања и смрт си ги примил подобро од секоја првина
Ти кој единствен знаеш да ги читаш срцата на луѓето

СИ: Каменот Христос денес светло го прославува каменот на верата       Кондак Собор Гл 2
Избраниот меѓу учениците и со Павла целиот собор на дванаесетмината апостоли

Верно извршувајки го нивниот спомен го славиме Оној што нив ги прослави

Света Великомаченица Недела, 20 Јули Тропар Глас 4

Агницата Твоја Исусе Недела, вика со силен глас
Тебе Младоженецу мој те љубам, и Тебе, барајќи Те, се подвизувам и со Тебе се распнувам. И во Твоето крштение се погребувам, и заради Требе стрдам, та со Тебе и да царувам. И умирам за Тебе, за и да живеам со Тебе, но како жртва непорочна, прими ме мене, која со љубов се жртвував за Тебе. По нејзините молитви, како Милостив, спаси ги душите наши
.

Свети Прокопиј – 21 Јули Тропар глас 4
Твојот маченик Прокопиј Господи, прими венец нераспадлив од Тебе, нашиот Бог, зашто имајќи ја твојата поткрепа ги порази мачителите и ја скрши немоќната дрскост на демоните. По неговите молитви, спаси ги душите наши.

Свети Свештеномаченик Панкратиј, 22 Јули Епископ Тавромениски Тропар, глас 4
И по нарав заедничар со апостолите и како преемник на нивниот престол, со практиката на добродетелите, си го нашол патот што води кон Божественото созерцание. Поради тоа си пострадал дури и до крв заради верата, ширејќи го Словото на Вистината, свештеномаченику Панкратие, моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши.

Свети Архангел Гаврлил - 26 Јули Тропар Глас 4
Водач на небесните војски, ние недостојните секогаш те молиме со твоите молитви да не оградиш под кровот на крилјата на твојата слава бестелесна, пазејќи не нас, кои грижливо ти се приклонуваме и викаме: од неволи избави не како началник на вишните сили
Кондак глас 2
Архистрагигу Божји, служител на Божествената слава, на ангелите началник и на луѓето наставник. Полезното за нас испроси го, и милост голема, како војдовда на бестелесните сили.

Света Великомаченица Марина, Огнена Марија, 30 Јули Тропар Глас 4
Агницата Твоја Исусе Марина, вика со силен глас
Тебе Младоженецу мој те љубам, и Тебе, барајќи Те, се подвизувам и со Тебе се распнувам. И во Твоето крштение се погребувам, и заради Требе стрдам, та со Тебе и да царувам. И умирам за Тебе, за и да живеам со Тебе, но како жртва непорочна, прими ме мене, која со љубов се жртвував за Тебе.
По нејзините молитви, како Милостив, спаси ги душите наши.
Кондак Глас 3
Украсена со убавините на девството се овечна со нетлени венци, девице Марина, обоена пак, со крвта на мечеништвото, откако се просветли со чудесата на исцеленија, набожно ја прими честа за победата на твоето страдање, маченице.

Тропар Свети Пророк Илија, 2 Август Глас 4 
Во тело ангел, темел на пророците
Втор претеча на доаѓањето Христово, Илија славен
Од висините му испрати на Елисеј благодат
Болести да лекува и лепрозни да очистува
Затоа и на оние кои го почитуваат им дава исцеленија
Кондак Глас 2
Пророче и предвидувачу на великите дела на нашиот Бог, Илија, кој со твојот збор ги задржа водоносните облаци, моли Го за нас, единствениот човекољубец.

Света Марија Магдалена, 4 Август
 Дел од моштите на оваа светителка, нејзината лева рака, се чуваат во манастирот Симонопетра на Света Гора. За Марија Магдалена постои посебен тропар, кој се пее на Света Гора и Ормилија. Овој тропар не се наоѓа ниту во словенските ниту во грчките минеи.
 Тропарот е подобен на првиот седален, од утрена воскресна Глас 1. Твојот гроб спасе. Малку изненадува тоа што мелодијата е во мека хроматска скала, што е природно за глас 2-ри, но во гласовите има и мали исклучоци, за да не дојде до монотонија во пеењето.
 
Тропар Глас 1
 Марија, достоинствената, ранета од љубовта кон Христа, нејзиниот небесен Жених, го однесе мирото на светиот гроб. И ние збогатени од нејзината сечесна рака ја поздравуваме со топлина, земајки од нејзината благодат.


 

Света Ана Успение, 7 Август Тропар Гл 4
Богомудра Ана, во твојаата утроба си ја носела чистата богомајка која Го роди Животот, затоа сега си се преселила кон небесното блаженство, каде што е живеалиштето на оние што се веселат радувајќи се во слава, и просејќи очистсување на гревовите на оние што те почитуваат со љубов, секогаш блажена.
Кондак Глас 2
Го празнуваме споменот на Христовите прародители, верно барајќи помош од нив, да се избавиме од секаква неволја, сите ние кои викаме: со нас е нашиот Бог, Кој ги прослави како што благоволи.

 

Света Петка, 8 Август Тропар Глас 1
Откако твојата ревност ја направи слична на твоето име, во наследство ја прими твојата жива вера, маченице Параскево. Затоа излеваш исцеленија, и се молиш за душите наши.
Кондак Глас 4
Дојдете верни заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса прогонувајќи го мракот на прелеста и благодат неисцрпна им дава на верните кои викаат: радувај се маченица многустрадална

Свети Пантелејмон, 9 Август Тропар Глас 3
Страдалецу свети и целителу Пантелемоне, моли Го милостивиот Бог да им даде прошка на гревовите на душите наши
Кондак Глас 5
Како подражавател  на Милостивиот, откако прими од Него блгодат за исцеленија, страдалниче и мачениче на Христа Бога, со твоите молитви, исцелиги на шите душевни болести, изгонувајќи го секогаш, борецот на соблазната, од оние што верно викаат: спаси не Господи.

Свети Климент Охридски, 8 Декември и 9 Август Тропар гл 4
Со зборови си ги упатил народите во верата Божја, со делата си се издигнал преблажени, кон Божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветлил оние што пристапуваат верно кон тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте
Кондак Гл 3 подобен Дева Денес
Твојот храм светителу се покажува како преславно духовно лечилиште за тие што му пристапуваат со вера бидејќи избавува од сите различни болести, а умртвува секакви страсти на душите. Поради тоа себлажени, како топол застапник те одбележуваме

Свето Преображение, 19 Aвгуст Тропар Глас 7 или Варис
Си се преобразил на гората Христе Боже, покажувајќи им ја својата слава (божественоста) на твоите ученици, колку што можеа да примат и нам грешните да ни заблеска твојата вечна светлина, т.е. светлината на вистинското знаење, богопознание.
Кондак Глас 7
На Гората си се преобразил Христе Боже, ученици ја видоа твојата слава колку што поднесуваа. Та, кога ќе те видат, како се распнуваш, да разберат дека Твоето страдание е доброволно, и на светот да му проповедаат дека си Ти, навистина Светлината на Отецот.





 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie