Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!




Света Тајна Брак
Обручение, Венчавање


Кандидатите што се подготвуваат за обручување застануваат пред царските двери.
Младоженецот застанува од десната страна, а невестата од лева.
Свештеникот е облечен во епитрахил и фелон, а епископот во мал омофор, митра и жезло.
Ги благословува, им ги зема прстените (бурмите) и ги става на Св. Престол, на Св.


Евангелие.
Ѓаконот: Благослови Владико.
Свештеникот: Благословен е нашиот Бог сега и секогаш и во вечни векови.
Пеачот: Амин.
Со душевен мир да се помолиме на Господа.
За мир одозгора и за спасение на нашите души да се помолиме на Господа.

За мир во целиот свет, за добрата состојба на светите Божји цркви и за соединување на сите на Господа да се помолиме.
За Блажениот архиепископ наш (име), за чесното свештенство, за сиот клир и за сите луѓе да се помолиме на Господа.
За благочестивиот и христољубивиот народ наш и за неговото добро, се молиме на Господа.
За Божјите деца (имињата на брачниците) кои сега се обручуваат и за нивно спасение, да се помолиме на Господа.
Да им се дадат чеда за продолжување на родот и се што им е потребно за нивно спасение, да се помолиме на Господа.
За да биде благословен овој брак како оној во Кана Галилејска, да се помолиме на Господа.
Да им се даде целомудрие и плод од утробата, да се помолиме на Господа.
Да ја имаат радоста да видат синови и ќерки, да се помолиме на Господа.
Господ Бог да им дарува добри чеда и безукорен живот, да се молиме на Господа.
Да им се даде на нив и на нас се што ни е потребно и нужно за спасение, се молиме на Господа.
Да се избават тие и ние од секаква тага, гнев, сиромаштија и нужда, се молиме на Господа.
Заштити, спаси, помилуј и запази не, Боже со твојата благодат.
Спомнувајќи ја пресветата, пречиста, преблагословена, славна владичица наша Богородица и секогаш дева Марија, нека себе си и сиот свој живот на Христа Бога да го предадеме.
Зашто тебе ти прилега слава, чест и поклонение на Отца и Сина и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.

1- Молитва
Боже пречисти и создателе на секој створ, Ти, по своето човеккољубие, си го изменил во жена реброто на праотца Аврама, си го благословил и си рекол: ,,плодете се, множете се и владејте ја земјата,, и преку нивното здружение си направил од двајца едно, затоа ќе го остави човекот татка си и мајка си и ќе се придружи кон својата жена, и ќе бидат двајца во едно тело (плот).
За да им се испрати совршена и мирна љубов и помош, на Господа да се помолиме.
За да се запазат во едномислие и тврда вера, се молиме на Господа.
За да примат благословение на чесен живот, се молиме на Господа.
Господ Бог да им подари чесни деца, да се помолиме на Господа.
За да бидеме избавени од секаква тага, гнев, сиромаштија и несреќа, се молиме на Господа:
Заштити, спаси, помилуј и запази не со твојата благодат.
Спомнувајќи ја пресветата, пречиста, преблагословена, славна владичица наша Богородица и секогаш дева Марија, нека себе си и сиот свој живот на Христа Бога да го предадеме.
Зашто тебе ти прилега секоја слава, чест и поклонение на Отца и Сина и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.

Свештеникот гласно ја чита првата молитва
Боже вечни, Ти си ги собрал во едно разделие и си наредил да биде нераскинлива врската на љубовта, Ти си ги благословил Исака и Ревека и си ги направил наследници на твоето ветување, Господи благослови ги овие твои чеда (имињата) и упати ги во секое добро дело, зашто си милостив и човекољубив Бог и затоа ние тебе те прославуваме, Отца и Сина и Светиот Дух, сега секогаш и во вечни векови, Амин.
Мир на сите.
Вашите глави приклонете ги пред Господа.
Се чита гласно:
Господи Боже наш, ти меѓу народите си ја одредил чистата дева – црквата, благослови го ова обручение и соедини ги и запази ги овие твои чеда во мир и едномислие, зашто тебе ти прилега слава, чест и поклонение на Отца и Сина и Светиот Дух, сега секогаш и во вечни векови, Амин.

Свештеникот го зема прстенот на младоженецот, прави со него крст над младоженецот а потоа ги изговара зборовите:
Се обручува Божјото чедо (име) со (име) во името на Отца и Сина и Светиот Дух, Амин.

Потоа го зема прстенот на невестата и вели:
Се обручува Божјото чедо (име) со (име) во името на Отца и Сина и Светиот Дух, Амин.
Овие зборови свештеникот ги изговара три пати правејќи крст над обручените, го става прстенот на десната рака, а кумот ги разменува.

2. Молитва
Господи Боже наш, Ти си го придружувал во Месопотамија слугата на патријархот Авраам, кој беше пратен да земе невеста за својот господар Исак, и преку носење вода си му посочил да ја сретне Ревека, затоа благослови го обручувањето на твоите чеда (имињата) и утврди го нивниот договор, укрепи ги со своето единство, кое е од Тебе, зашто ти од првин си создал машки и женски пол и преку Тебе се обручува жената за мажот за помош и продолжување на човечкиот род… и така Ти Господи Боже наш кој си ја испратил вистината на твоето наследство и ветувањето на твоите чеда, нашите отци, твои од род во род избраници, погледни сега кон твоите чеда (имиња) и утврди им го нивното обручување во вера, едномислие, вистина и љубов.
Зашто ти Господи си установил да се дава обручение и секако да се утврдува, со прстен му се даде власт на Јосифа во Египет, со прстен се прослави Даниил во вавилонската страна, со прстен се изјави вистината на Тамара, со прстен нашиот небесен Отец се смилува над распуштениот син зашто рече: ,,Ставете прстен на неговата рака и дотерајте го и заколете го угоеното теле, да јадеме и да се веселиме,,. Твојата десница Господи го заштити Мојсеја во црвеното море зашто со твојот вистински збор небесата закрепна и земјата се основа и десницата на твоите чеда ќе се благослови со семоќниот Твој збор и со твојата семоќна мишка и сега Ти сам Владико благослови го ова ставање на прстените со небесен благослов и ангелот Господин да врви пред нив во сите денови од нивниот живот, зашто Ти си Тој што се благословува и осветува и затоа Тебе те прославуваме, Отца и Сина и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.

Венчание
Обручените пристапуваат кон средината на храмот. Свештеникот врви пред нив со кадилницата и ги пее стиховите од 127 пс.
Слава ти Боже наш, слава Ти…
Блажен е секој што се бои од Господа, кој оди по неговите патишта.
Ти ќе јадеш од трудот на своите раце.
Блазе ти зашто ќе ти биде добро.
Твојата жена во домот ќе биде како плодовита лоза, така ќе биде секој благоисловен човек што се бои од Господа, и твоите синови како маслинова гранка околу својата трпеза:
Господ ќе те благослови од Сион и ти ќе го видиш добрувањето на Ерусалим преку сите денови на својот живот.
И ќе видиш синови од своите синови.

Потоа свештеникот говори поучително слово:…
Пред одржувањето на поучителното слово свештеникот ги прашува младоженците:

Дали (име) имаш слободна и непринудена волја да ја земеш за жена (име) која стои пред тебе?
Младоженецот одговара: имам чесни отче.
Свештеникот : Да не си се ветил на некоја друга?
Младоженецот одговара:  Не сум чесни отче.

Истите прашања ги поставува свештеникот и на невестата.
Потоа свештеникот поминува на светата тајна венчание.

Благословено е царството на Отца и Сина и  Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови.
Великата ектенијата со ред како и во обручението со додаток на овие прозби:
За Божјите чеда кои се здружуваат за брачен живот, за нивно спасение се молиме на Господа.
За да биде благословен овој брак како оној во Кана Галилејска ,да се помолиме на Господа
Да им се даде целомудрие и плод од утробата, да се помолиме на Господа.
Да ја имаат радоста да видат синоиви и ќерки, да се помолиме на Господа.
Господ Бог да им дарува добри чеда и безукорен живот, се молиме на Господа.
Да им даде ним и нам се што ни е потребно и нужно за спасение, се молиме на Господа.
Да се избават тие и ние од секаква тага, гнев, сиромаштија и нужда се молиме на Господа.
Заштити, спаси, помилуј и запази не Боже со твојата благодат.
Спомнувајќи ја пресветата, пречиста, преблагословена, славна владичица наша Богородица и секогаш дева Марија, нека себе си и сиот свој живот на Христа Бога да го предадеме.
Тебе Господи.
Зашто тебе ти прилега слава, чест и поклонение на Отца и Сина и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.

1. Молитва
Боже пречисти и создателе на секој створ, Ти, по своето човеккољубие, си го изменил во жена реброто на праотца Аврама, си го благословил и си рекол: ,,плодете се, множете се и владејте ја земјата,, и преку нивното здружение си направил од двајца едно, затоа ќе го остави човекот татка си и мајка си и ќе се придружи кон својата жена, и ќе бидат двајца во едно тело (плот) и
она што Бог сврзе, човек да не разврзува“, ти си го благословил својот слуга Авраама и откако си ја отворил утробата на Сара, си го направил татко на многу народи. Ти си го подарил Исака на Ревека и си ја благословил нејзината рожба. Ти си го соединил Јаков со Рахил и од него си ги произвел дванаесетте патријарси. Ти си ги здружил Јосифа и Асенета и како плод на чедородна си им ги подарил Ефрема и Манасија. Ти си ги примил Захарие и Елисавета и си им дал рожба, Претеча. Ти си ја израснал од коренот на Јесеја по тело приснодева, и од неа си се овоплотил и си се родил за спасение на човечкиот род. Ти по својот неискажлив дар и многу благости си дошол во Кана Галилејска и таму си го благословил бракот, за да покажеш дека е твоја волја законитото сопружништво и раѓањето чеда од него. Ти пресвети Владико, прими ја нашата молитва и како таму така и овде, дојди со своето невидимо застапништво, благослови го овој брак и дај им на тие твои чеда (имиња) мирен, долгогодишен живот, целомудрие, меѓусебна љубов, преку врските на мирот, долговечно потомство, од чеда задоволство, венец славен и неувенет, удостој ги да видат чеда од чеда, запази им ја постелата во безопасност и дај им од изобилието на земјата. Исполни им го домот со пченица, вино и елеи, и со сите добрини да даваат на оние што имаат потреба. Дај во иство време и на оние што се со нив се што бараат за спасение.
Зашто си Бог на милоста, милосрдие и човекољубие и затоа тебе те прославуваме со безпочетниот твој Отец и пресветиот, благиот и животворен Дух, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.

2. Молитва

Да се помолиме на Господа.
Благословен си Господи Боже наш, свештенодеец на таинствениот и чист брак, законодателе на телесното, пазителе на чистотата, распоиредителе на животните блага, ти во почетокот си го создал човекот и си го поставил како цар на творението и си рекол: не е добро за човекот да е сам, да му створиме придружник нему подобен. И откако си зел едно од неговите ребра си создал жена за која Адам, откако ја виел рекол: ете тоа е коска од моиите коски и тело од моето тело. Таа ќе се нарече жена зашто е земена од својот маж. Зашто ќе го остави човекот татка си и мајка си и ќе се придружи кон својата жена и ќе бидат двајцата едно тело. И што Бог ќе сврзе човек да не разврзува… И сега Владико, Господи Боже наш, испрати ја од небото својата благодат над тие твои чеда за да покажеш дека е твоја волја законитото супружество и раѓањето чеда од него, и дај и нејзе во се да се покорува на својот маж, а нему да биде глава на жената. Та да поживеат според твојата волја. Благослови ги Господи Боже наш како што си ги благословил Авраама и Сара.
Благослови ги Господи Боже наш, како што си го благословил Исака и Ревека.
Благослови ги Господи Боже наш, како што си ги благословил Јакова и сите патријарси.
Благослови ги Господи Боже наш, како што си ги благословил Јосифа и Асенета.
Благослови ги Господи Боже наш, како што си ги благословил Мојсеја и Сепфора.
Благослови ги Господи Боже наш, како што си ги благословил Јоакима и Ана.
Благослови ги Господи Боже наш, како што си ги благословил Захарие и Елисавета.
Запази ги Господи Боже наш, како што си го запазил Јона во утробата на Китот.
Запази ги Господи Боже наш, како што си ги запазил светите три момци од оганот, кога си им испратил од небото роса, и нека дојде на нив онаа радост која ја имала блажена Елена кога го нашла чесниот крст. Спомни си Господи Боже наш, како што си го спомнал Еноха, Сима, Илија. Спомни си Господи Боже наш, како што си ги спомнал светите 40 маченици кога од небото си им испратил венци. Спомни си Господи Боже наш и за нивните родители што ги одгледале, зашто родителските молитви ги зајакнуваат основите на домовите.
Спомни ги Господи Боже наш и на твоите чеда – младенците, кои се здружиле за таа радост. Спомни го Господи Боже наш твоето чедо (име) со (име) и благослови ги, дај им плод на утробата, добри чеда, душевно и телесно согласие, издигни ги како кедрите на Ливан, како лоза разгранета. Дарувај им семе од клас, па имајќи се достаточно да даваат изобилие за секое добро и благоугодно на тебе дело, и нека видат синови и ќерки од своите синови и ќерки, како гранка од маслина околу својата трпеза, и угодувајќи ти, да светнат како светила на небото во Тебе, Господи Боже наш, на кого му припаѓа секоја слава, власт, чест и поклонение, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.

3. Молитва
Да се помолиме на Господа
Боже свети, Ти си го создал човекот од прав и од неговото ребро подоцна си создал жена и си ја здружил со него за помошник сличен нему, зашто така било угодно на твоеток величие, да не биде човекот сам на земјата, и сега Владико, стави ја твојата рака од твоето свето живеалиште и соедини ги твоите чеда (име) со (име) зашто преку тебе се соединуваат маж и жена. Соедини ги во согласие, венчај ги да бидат едно тело, дај им плод од утробата и да добијат добри чеда. Зашто твоја е власта, твое е царството, силата и славата на Отца и Сина и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови, Амин.

Свештеникот ги врзува рацете десна со десна
Свештеникот го зема венецот, прави со него три пати крст над главата на младоженецот и вели:

Се венчава Божјото чедо (име) за (име) во името на Отца и Сина и Светиот Дух, Амин.
Венецот му го става на главата на младоженецот па го зема другиот венец, прави три пати крст над главата на невестата и вели:
Се венчава Божјото чедо (име) за (име) во име на Отца и Сина и Светиот Дух, Амин.

Свештеникот ги прекрстува венците пеејќи ја формулата гласно и распеано:

Господи Боже нас со слава и чест венчај ги.
Место за Апостол. Треб. 110стр.

Свештеникот потоа вели:

Премудрост пазете да го ислушаме светото евангелие, мир на вас.
Ќе се чита од светото евангели по Јована:
Во она време имаше свадба во Кана Галилејска и мајката на Исуса беше таму. Поканет беше на свадбата исто така и Исус и учениците негови. А кога приврши виното, му рече мајка му на Исуса, немаат вино. Исус и рече, што имаш ти со мене, жено? Уште не дошол мојот час. Но мајка му негова им рече на слугите, се што ќе ви рече, направете го. А таму имаше шест камени садови за вода поставени за миење, според еврејскиот обичај, што собираат од две до три мери. И Исус им рече: Наполнете ги садовите со вода. И тие ги наполнија до горе. Па им кажа: налијте сега и однесете им на кумот и на старосватот, и им однесоа. Кога вкуси кумот и старосватот од виното што беше станало од вода, а тие не знаеа од каде е, ама слугите што ја беа долнеле водата знаеа, го повикаа младоженецот и му рекоа: секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат гостите тогаш полошото, но ти си го зачувал доброто вино за сега. Така направи Исус почеток на своите чудеса во Кана Галилејска и ја покажа славата своја и учениците негови поверуваа во него.
Обично се чита кратка сугуба ектенија.
Да се помолиме на Господа
Господи Боже наш кој со своето присуство во Кана Галилејска, си удостоил да го наречеш бракот чесен, затоа и сега твоите чеда (имиња) кои си ги благословил да се здружат еден со друг, запази ги во мир и едномислие, направи им ги бракот чесен, запази им ја постелата чиста, благослови им го нивниот живот да остане чесен и удостои ги да достигнат длабока старост, исполнувајќи ги твоите заповеди. Зашто си милостив Бог, Бог кој милува и спасува, и затоа Тебе слава ти вознесуваме заедно со твојот безпочетен Отец и пресветиот, благиот и животворен твој Дух, сега, секогаш и во вечни векови, Амин.
Свештеник: И удостој не Владико, без страв и без осуда да смееме да те викаме Тебе, небесниот Бог и Отец и да велиме:

Оче наш кој си небесата, да се свети твоето Име, да дојде царството твое, да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата, насушниот денес дај ни го денес и прости ни ги долговите наши како што и ние им ги проштеваме на должниците наши и не воведувај не во искушение но избави не од лукавиот, зашто твое е царството, силата и славата на Отца и Сина и Св Дух, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.
Мир на сите.
Вашите глави приклонете ги пред Господа.
Да се помолиме на Господа.
Боже, ти се си сторил со твојата моќ, си ја утврдил вселената и си го украсил венецот на се створено од тебе, давајќи ја оваа чаша на брачните другари за брачно живеење. Благослови ја со духовно благословение, зашто се благослови твоето име и се прослави твоето царство на Отца и Сина и Св Дух, сега и секогаш и во вечни векови Амин.

Потоа свештеникот зема од лебот по едно залче, макнува во сол и им дава на младенците, а потоа ја зема чашата со вино и им дава да се напијат три голтки, а потоа на кумот, старосватот и деверот. Свештеникот за ова време го пее стихот:

Чашата на спасението ќе ја примам и името на Господа ќе го викам.

Потоа свештеникот ги води младоженците околу масата три пати пеејќи ги трите тропари:

1. Исаије, ликуј дјева имје во чревје и роди сина Емануила Бога же и человјека, восток имја јему егоже величајуште дјево ублажаем.
2. Свјатиј мученици, иже добрие страдалчествовашии и вјенчавшиисја, молитесја ко Господу, помиловатисја душам нашим.
3. Слава тебе Христе Боже апостолов похвало, мучеников радование, иже проповед троица единосуштнаја

Ги одврзува рацете
По ова најпрвин свештеникот им честита на младоженците а потоа и на сите присутни.
По честитањето свештеникот им ги симнува венците со зборовите:

Возвеличи се младожењо како Авраам, биди благословен како Исака и умножи се како Јаков, оди во мир и исполнувај ги во правда Божјите заповеди.

Го зема и венецот од невестата велејќи:
И ти невесто возвеличи се како Сара, развесели се како Ревека и умножи се како Рахил, радувај се на својот маж и пази ги наредбите на законот, зашто така благоволи Бог.

Да се помолиме на Господа
Боже, Боже наш, ти си отишол во Кана Галилејска и таму си го благословил бракот, благослови ги и тие твои чеда, кои по твојата промисла се здружија брачно да живеат благослови ги кога влегуваат и излегуваат. Направи им го животот изобилен со добрини, прими им ги венците во твоетои царство, запази ги неоскврернети, непорочни и недостапни за злобни замисли во вечни векови, Амин.
Мир на сите.
И духови твоему.
Вашите глави приклонете ги пред Господа.
Отец, Син и Св Дух, сесвета едносуштна и животворна Троица, едно Божество и царство, да ве благослови и да ви даде долг живот, добри чеда, напредок во живот и вера, да ве исполни со сите добрини и блага на земјата, да ве удостои да ги примите ветените блага, по молитвите на Света Богородица и сите светии, Амин.

Отпуст:
Христос вистинскиот Бог наш кој со своето доаѓање во Кана Галилејска покажа дека бракот е чесно дело, по молитвите на својата пречиста и света мајка, на светите славни и сефални апостоли, на светите боговенчани и рамноапостолни Константин и Елена, на светиот великомаченик Прокопие и на сите светии, да не помилува и спаси како благ и човекољубец, Амин.
Тропар: Гл 1
Со фалбени венци ве увеличуваме, свети седмочисленици, Кириле и Методиј, Клименте и Науме, Саво, Горазде и Ангеларие, вие блеснавте како светлина и ни го благовестивте Бога во Троица. Вие сте непоклатни столбови на нашата црква и боговдахновени поборници на нашиот збор, вие го прогнавте бесовското езическо учење, молете го Христа Бога да ја утврди нашата црква и да дарува на нашите души голема милост.
 




Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie