Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!




ТРИ СТРАНИ НА УСПЕХОТ


1. Вера во Господ
2. Долгогодишна секојдневна посветеност
3. Едноставност

1. ГОСПОД
Господ преку нашите молитви, добри дела, дружба со искусни луѓе во верата, преку проучување на духовна литература, преданија, историја, искуства, секогаш ни помага, нe води, не чува, ни помага во животните избори, во секојдневните одлуки, не поучува и секако овој момент е најважен во нашиот живот.
ОНОЈ што ни помага од небесните височини, и без Него сме како мртви.

2. ДОЛГОГОДИШНА И СЕКОЈДНЕВНА ПОСВЕТЕНОСТ
Откако добро ќе размислиш, и ќе се одлучиш што сакаш да постигнеш, пред тебе ќе се појави една голема планина, иако на прв поглед ние не знаеме колку навистина оваа планина е голема, но кога се работи за успех, секоја планина е навистина голема, огромна. Дали сакаш да бидеш тенисер, гитарист, пеач, архитект, билдер, пливач, пианист, било кој спорт, било која уметност, сликар или резбар, електричар, програмер, или да научиш некој светски јазик, или да навлезеш длабоко во разбирање на светото писмо или сакаш да пееш византиски, или да научиш историја на европа, ..... и навистина било што ако нешто посакаш, добро размисли пред да започнеш да одиш по тој пат, бидјеќи пред тебе стојат долги години работа и секојдневна посветеност. Долги не како нешето тешко и мачно, напротив како нешто лесно и едноставно, што ќе видиме во третата страна.

Не постои инстант успех, пљукни залепи, освен инстант кафе. Но самото кафе што е инстант не се прави инстант во самото производство, но крајниот момент за ова кафе е краток и едноставен од наша гледна точка.
Некој човек можеби се раѓа со извонредни дарови, или со врски, па брзо може да дојде до диплома, до слава, до пари, но ова секако не е успех бидејќи во оваа состојба не постои квалитет и нема љубов.

Каде е вистината кога сакаш да дадеш плодови полни со убавина, вкус, квалитет, љубов и огромна радост.
ДОЛГОГОДИШНА И СЕКОЈДНЕВНА ПОСВЕТЕНОСТ
За колку години се работи. Не е тешко да се пресметаат времињата, ако погледнеш околу себе, ќе видиш дека околу 4 години се потребни за човек да каже дека знае нешто, и уште 4 да стане учител, и ако продолжи после следните 4 години станува славен во својата област, и за неговиот израз и совршенство ќе се збори, ќе биде фален и од луѓето и од Господ.
Еден пример. Сакаш ли да научиш пиано, пред тебе стои огромна планина. Мораш секој ден да се качуваш по малку, секој ден по неколку саати вежба, труд и внимание, посветеност, можеби ќе го имаш најдобриот учител, но ова нема да го скрати времето на успехот, учителот само ќе те насочува, планината сеуште е голема, чекор по чекор, мораш секој ден да чекориш, долги години, 4 години секојдневна работа се потребни за да кажеш, знам да свирам на пиано. Ако продолжиш со истата посветеност за 8 години ќе бидеш учител, ќе те бараат и ти ќе ги поучуваш, и ако продолжиш со истата посветеност, после 12 години твоето свирење ќе биде единствено, онака како што Господ те обдарил, и тогаш ќе се збори за тебе, луѓето ќе се воодушевуваат, ќе те сакаат, твоите дела ќе останат засекогаш запишани во историјата на овој свет. Да.

3. СЕКОГАШ РАБОТИ ЕДНОСТАВНО, ЛЕСНО, НЕ ПРЕТЕРУВАЈ, НЕ СЕ ЗАНЕСУВАЈ
Долго години, прави ги малите и едноставни нешта квалитетно, пред да се зафатиш со сложени и тешки задачи

Овој момент на твојот пат е подеднакво важен, иако е на трето место, на третата страна.

Човек на својот пат, од својата пуста желба да направи големи нешта, ги остава малите и лесни задачи и се зафаќа со големи, и тогаш се заглавува, стои во место, му се згадува, ја губи љубовта и на крај се откажува.
На пример свириш една година пиано, и сакаш да научиш сложена композиција, и ќе изгубиш многу денови, во мака, во големи неволји во нејаснотии, и ќе ти згади музиката, и ќе нема ни да приметиш дека ти си се откажал од патот.

На секој пат ќе се најдат препреки, камења на кој ти ќе се сопнеш и ќе се откажеш.
Ова е главна причина зошто од толку милијарди луѓе само за малку може да се каже дека се успешни.

Ако си билдер не смееш да подигаш тежина над твоите можности, се додека оваа тежина за тебе не стане леснина.
Не превземај сложени задачи, се додека овие за тебе не се едноставни.
Секогаш оди полека и сигурно, полека за да ти биде лесно, а сигурно, за да не се откажеш.
За ова Исус вели, ако имаш вера колку синапово зрно. Тоа значи безброј мали зрна твојата вера може да ја направат голема.
Многу малечки зрна пченица ќе дадат еден голем и убав леб од кој ти ќе се нахраниш и ќе се наситиш.

Има уште еден момент со овие камења, големи препреки.
Некогаш навистина не си расположен за работа, за учење, за одење, за успех.
И тогаш човек нормално прави пауза, и повторно се заборава и се откажува.
Сега е време да се сетиш дека е кажано: Повторувањето е мајка на знаењето.
Во вакви моменти човек треба повторно да биде посветен, но бидејќи не му е денот, или нема љубов, или некаква слабост, тогаш треба да се зафатиш со наједноставни моменти од задачите што ги имаш на твојот пат, на пример повторување на она што е најлесно, на првите лекции, најлесните задачи.
Ако си билдер место 10кг земи 1кг. Ако си музичар наместо сложени скали, повтори ги првите лекции, ако си тенисер, држи го топчето за тенис и рекетот во рака и размислувај за патот и движењето на овие две нешта. Сето ова не е претерано, но добро е да се знае кои се моментите кога човекот полека се откажува од своите патишта, се откажува од своите соништа, ја губи верата, си наоѓа оправданија, се заборава и стои во место, се додека наиде на последното оправдание да си рече, сега сум стар, касно е за мене. Дури и тука не е касно, никогаш не си стар, ако размислиш и изразиш силна желба да одиш и да се качиш на висока планина, Господ ќе ти придаде и ти ќе бидеш млад.
Затоа пишува, како на орел Господ ќе ја обнови твојата младост, само треба да изразиш желба и цврста одлука за учење, движење, посветеност, усовршување, и тука е Господ да ти помага, бидејќи Господ сака да бидеме совршени во секој пат, во секоја насока и да даваме плодови.

Сето ова бара вера, смирение, трпение, упорност, посветеност, и сето заедно се нарекува ЉУБОВ.

МАЛ ДОДАТОК
Успехот не секогаш го прави човекот среќен, некогаш човек сака да си игра, да разгледува, ќе се зафати со триста задачи и нема да заврши ниту една, ова не го прави човекот лош или тажен или несреќен. Среќата и радоста се неискажливи чувства во нашето срце, во градите и во стомакот. За овие чувства ние како луѓе може многу да збориме, ама сепак ништо не знаеме. Од моја релативна гледна точка и наша како верници и православни, најголема радост е човек да биде дел од заедницата Христова, дел од црквата на Исус. Но секој пат кај секој човек е од Господ даден и утврен полн со синергија, взаемна љубов, сложени за нас неискажливи животни искуства, за кои што и да кажаеме како луѓе ќе згрешиме.
Патот до успехот е во нашата долгогодишна и секојдневна посветеност.
Но патот до среќата не би можело да се дефинира на овој начин.
Кога се работи за среќа, радост, мир, би ги зел учењето на Исус кога вели.
КОЈ БАРА ЌЕ НАЈДЕ, КОЈ САКА ЌЕ МУ СЕ ДАДЕ. КОЈ ЧУКА ЌЕ МУ ОТВОРАТ.

Ние како луѓе на нашиоте патишта се среќаваме со страшни неприлики, кои бараат од нас огромно внимание, размислување, изнаоѓање решенија, апсолутна посветеност, заедништво, превземање на искуства од сегашните и претходни генерации, труд, како лично така и како група и како заедница. Јас би рекол ЖИВОТОТ Е УЧИЛИШТЕ.
Ако не учиш за брзо време ќе те снајде несреќа, сиромаштија, болести, слабости ... но и да учиш повторно си на истиот пат, за уште повеќе да учиш и никогаш да не се откажуваш.

Еден наш голем учител рече * СРЕЌА Е ДА СЕ СРЕЌАВАШ СО ЛУЃЕ
ИСУС ВЕЛИ * ВЛЕЗИ ВО РАДОСТА НА СВОЈОТ ГОСПОДАР

14. Зашто, Он ќе постапи како човек, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот;
15. и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден; секому според силата негова; и веднаш замина.
16. Оној, што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти;
17. исто така и оној што зеде два таланта, спечали други два;
18. а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така го сокри среброто на својот господар.
19. По долго време дојде господарот на тие слуги и им побара сметка.
20. И кога пристапи оној, што беше примил пет таланти, донесе уште други пет и рече: »Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, сум спечалил и други пет.«
21. Господарот му рече: »Убаво, добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!«
22. Дојде, исто така, и оној што беше примил два таланта и рече: »Господаре, ти ми предаде два таланта; ете, со нив спечалив други два.«
23. Господарот му рече: »Убаво, добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!«
24. Пристигна и оној што беше зел еден талант, и рече: »Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш, каде што не си сеел, и собираш, каде што не си веел;
25. па се уплашив и отидов, та го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.«
26. А господарот му одговори и рече: »Лукав и мрзлив слуго! Ти знаеш дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам, каде што не сум веел;
27. затоа требаше моето сребро да го дадеш на трговците, па јас, кога дојдам, ќе си го приберам своето, со добивка;
28. земете го од него талантот и дајте му го на оној, што има десет таланти;
29. зашто секому, што има, ќе му се даде и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има;
30. а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина: Таму ќе биде плач и крцкање со заби.« Откако го рече тоа, извика: »Кој има уши да слуша, нека чуе!«





 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie