Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!


  

  Дали Знаеш ?

Необрезани по срце ?
Бог често за народот вели дека е необразан по срце
Или вели: обрежи го крајот од срцето
За да се разбере ова може вака да се размисли

1. Кога ќе видиш сиромав и си викаш, треба на овој човек да му помогнам да му дадам пари
И ако те заболе срцето, бидејќи нашето срце е скржаво
И сега тој дел што боли треба да се обреже, да се пресече (симболично)
Ако почесто те боли срцето кога треба да направиш нешто добро, но ти ако ја игнорираш оваа болка
И твоето срце полека ќе престане да те боли, и делот што боли ќе снема, така, ако секој ден го измачуваш со добри дела ...

2. Срцето треба да се разбере како ковчег, како кутија со разни помисли, или како нива со разни дрвја
И сега ако од оваа кутија извадиш се што е небожно
Ако извадиш политика, расправи, крвави филмови, крвави игри на компјутер, лоши помисли, омраза ...
Тоа значи дека си ги пресекол сите лоши помисли,
трња и боцки, и наместо нив си го посеал Божјото Слово
Ковчежето на твоето срце содржи во себе богатства, и тука треба да се работи, нешто да се извади нешто да се стави
Нивата треба да се очисти од лоши неплодни растенија, и да се насади доброто дрво, што дава плодови за вечен живот

Што значи 666 - знак - слика на ѓаволот, според ** Откровение Глава 13, види во светото писмо
Тоа е шестата божја заповед НЕ УБИВАЈ
Знакот ќе го добијат сите луѓе кои гледаат крвави филмови на ТВ и крвави игри на компјутер
Сите сцени на убиство влегуваат во срцето и тука ги убиваат духот, душата, и телото на човекот
Секоја омраза што се шири преку политика, спорт, води во насилство и смрт, и со тоа човекоубиство.

Исус: Ѓаволот е човекоубиец од почетокот на светот
Исус: Окото е светлина на телото
Исаија:  „Кој од нас може да живее при оган што голта? Кој од нас може да живее при вечен пламен?”
                Оној, што оди во правда и говори вистина; кој презира печалба преку угнетување, ги воздржува рацете свои од подароци
                Ги затина ушите за да не слуша за крв, и ги затвора очите да не го гледа злото, –

                Тој ќе живее на висините: засолниште му се непристапните карпи; ќе му се даде леб; водата негова нема да пресуши.
                Очите твои ќе го видат Царот во Неговата убавина, ќе видат далечна земја

Како да имаш подобар живот, повеќе среќа, радост и љубов
ВЕДНАШ -
Откажи цигари, алкохол, кафе, кофеински и вештачки пијалоци, фабрички произведени витамини и хемикалии
И само на оваа прва скала, Господ ќе те издигне и ќе те благослови со огромна среќа и радост, но има уште благослов за тебе ...
Види јади се што има на пазар овошје и зеленчук, барај природни сокови, домашни производи во тегли и шишиња, како што јаделе старите
Кога готвиш месо, треба да се знае дека се што е варено е многу поздраво од пржено и печено
Сите што работат тешка физичка работа, треба да јадат повеќе и покалорична храна, а тие што седат, треба да се на полесна храна
Легнувај си рано, за да станеш порано, зима 21, 22, во лето не покасно од 23 часот, ова е огромен благослов
Вести читај, но само наслови, не се задлабочувај, за да не се роди омраза во тебе кога ќе видиш секакви неправди
Слушај духовна музика, хорови и псалти од православните цркви низ светот, ова е вечна уметност, над времето, над земјата.
Од светска музика, одбери и слушај само најнови хитови, за да бидеш во тек со времето, и да се радуваш
Ако сакаш да бидеш совршен, остави ТВ - филмови, серии, политика, и остави крвави компјутерски игри, за да имаш чисто срце
Сето ова слободно време што ќе го добиеш давајќи му развод на Телевизорот, замениго со читање духовни книги
И со ова ќе собереш вечни благослови за вечен живот, а не само овде и тука на оваа земја и во ова време.

Евангелие според Јован, Исус вели: НЕ СЕ МОЛАМ ЗА СИТЕ НО ЗА ОНИЕ ШТО СИ МИ ГИ ДАЛ (ев. Јован глава 17)
Зошто Исус не се моли за сите ?
Затоа што Исус е Бог и Господ, и Син Божји, и еднаш кога ќе те спомне, ти си спасен.
Во новиот завет, на пимер, кога сака да го спомне некој лош човек, не го кажува по име, но на пример вели, змија
Фарисеите ги нарекува породи змиини.

Не изговарај го Името Божјо на празно ?
Често во светот луѓето го спомнуваат Господ
И ако не си запознат со учењето на Светото Писмо, тоа е на празно.
Господ сака да имаме јасна претстава, за сето она што ни е објавено преку Светото Писмо
Кога некој ќе се помоли, и Господ ќе види дали човекот чита, учи, прашува, тогаш ќе си рече, ова е моја душа, човек што бара вистина.
И ќе им заповеда на ангелите да ја услишаат неговата молитва

Не прави идол ниту било каква слика ? Што е тоа Идол ?
Целиот свет за нас е идол, ако не сме добро запознати со учењето на Светите Писма
Човек кога не е исполнет со учењето од Небото, станува опседнат со светот
И така наместо да му се поклони на Создателот, му се поклонува на создаденото.
Светот е создаден заради нашето спасение, за преку светот да му дадеме слава и похвала на нашиот Бог
Да го спомнуваме Името Божјо, со љубов и вистина, и да се обожуваме, се до вечноста

Каде е Господ ? некој ќе праша дали е поприсутен во црква или на планина ?
Господ е насекаде, но тоа не значи дека спасението е насекаде.
Црквата, Храмот и се што е поврзано со црквата за нас е како пат, како скала до Небесата и вечноста
Што има во цркватга, икони, книги, одежди, молитви, песни ... сите овие се небесни скали
Исто и дома ако чуваме книги, икони, ако пееме, и дома имаме дел од спасението.
Црквата е тесната врата од овој свет што човек треба да ја отвори и да влезе, и да патува.
Господ е насекаде присутен и се гледа, и се знае, но тоа не значи дека спасението е насекаде.

Зошто самарјанката Исус ја споредува со куче, на прв поглед погрдно
А Он, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.”
27. Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките, што паѓаат од трпезата на нивните господари.”
Исус ја споредил жената и нејзиниот народ со кучиња, за да им покаже на Евреите нешто важно
Ете тие луѓе што евреите ги нарекуваат кучиња и нечисти, први ќе поверуваат во ИСУС и ќе се спасат

Што е Дух Свет, што е Благодат, што е Несоздадена Енергија
Во библијата, и во црквата, зборот Дух Божни се спомнува на многу места, не секаде со исто значење
Некаде се мисли на третото Лице од Света Троица, како вечен Бог, еднаков со Отца и Сина.
А на други места, и најчесто
,
се мисли на дар на Светиот Дух.
Покасно црквата појасно ќе ги дефинира овие термин, и го воведува зборот, Несоздадени Енергии.
Дар на Светиот Дух, или Несоздадена Енергија, или Слава Божја
За да биде појасно, на пример: ако пишува, се исполни пророкот со Дух Божји
Тоа не значи дека третото Лице од Света Троица, Духот слезе на пророкот, но тој добил дар на Светиот Дух да пророкува
Апостол Павле објаснува, кои се даровите на Духот, трпение, смирение, љубов, понизност, благодат ...


Зошто Дева Марија на иконите има Три  Ѕвездички на рамото
Тоа значи дека била Дева, пред рагањето на Исус, во рагањето и после раѓањето

ПОСТОЈАТ МНОГУ КНИГИ СО ДОКАЗИ ДЕКА БОГ Е ВИСТИНСКИ И ДЕКА ИСУС Е БОГ
СЕПАК НЕ ПОСТОИ ДОКАЗ ЗА БОГ НИТУ ЗА ИСУС
Ако некој вели дека има докази и дека го докажал постоењето на Бог, тој го докажал спротивното.

Ние веруваме во Бог, преку симболи, Симболично.
Затоа имаме Симбол на Верата. Имаме Света Литургија и огромен број Богослужби. Овие се нашата вера.
Бог во својата суштина е неискажлив и нема зборови со кои би можело да се каже нешто
Но Тој самиот, ни научи како да веруваме во Него, преку Симболи
И оваа вера за нас е Живот Вечен, Воскресение и Спасение.
А тие што го докажале Бог, Го ставиле во граници на овој свет, го изедначиле со нас, со мерки и време
И со ова ништо друго не направиле, но му ја одземале сета Божественост.

Постојат историски аргументи дека Исус како човек постоел и поучувал во она време
Но
нема доказ дека Бог го создал светот, и нема доказ дека Исус е Бог.
Ние веруваме, а од верата даоаѓа радоста и награда за нашето дела на верување е Спасение, а тоа е Живот Вечен
Кога би имало доказ, нашата вера не би била за Спасение
Ние веруваме, не гледајки ниту еден доказ и затоа нашата вера е подвиг во патот на спасението
Исус: А вашето Дело е да верувате во Мене
Или на Ап. Тома му вели: ти виде и сега веруваш, но блжен е тој што не видел а поверувал во Мене

Нека е ова доказ за Бог. Ништо не натанува само од себе, затоа се на овој свет е создадено.
Тогаш и Бог не настанал сам од себе. Следува и Бог е создаден.
Ако малите работи не можат сами од себе да настанат, колку потешко нешто сложено како БОГ само од себе да настане.
Ако Бог е создаден, и тој пред него е создаден, и тој пред него, а ова води во бескрајна нејасност.

Вистина е дека науката е далеку од разбирање на светот и времето, а колку ли е далеку од разбирање на нашиот Креатор.

Според Исус: Што и да побарате со вера ке добиете. Или: За оној кој верува се е можно.
Од тука, преку верата се надминуваат сите закони на овој свет и на сите науки.
Науката не може да докажува нешто што постои надвор од овој свет и ова време
Н
ауката може само да се осведочи во законите на овој простор и ова време, кое е менливо и минливо.

И затоа се вели БОГ Е ВИСТИНА. Што значи тоа дека Бог е Вистина ? тоа значи дека само Бог е вечен.
СЕ друго е минливо, сите закони, докази, принципи, а БОГ СЕКОГАШ ОСТАНУВА; ПОСТОИ:
Затоа Самиот вели: ЈАС СУМ ОНОЈ КОЈ СУМ. ОНОЈ КОЈ ВЕЧНО ПОСТОИ
На пример не е вистина дека сонцето свети, бидејќи еден ден ќе престане да свети
Нашите вистини од овој свет се привремени, сите вистини за матерјалниот универзум


Нашата вера доаѓа од нашето искуство во Словото што ни е дадено од Небото
Оти е пишано: Вкусете и видете колук е благ Господ
Ние длабоко ја чувствуваме Божјата Љубов, Благост, Милост, и ова сведоштво за нас е Вистина
Како да му докажеш на човек колку е убаво да јадеш чоколадо, или ајвар, ако самиот не земе и не проба ?
Светите Богослужби во Православните Храмови се нашето единствено и прекрасно искуство во Верата
Тука Бог самиот ни сведочи во срцето, преку молитвите, иконите, одеждите, песните
Тоа е Слава, неискажлива, недокажлива, а сепак за нас најслатко искуство, и вечен живот.

Што значи зборот Ника што го има на повеќето икони и крстови
Ника значи ПОБЕДНИК. Христос ја победи смртта
.

 Што е Симонија
Тоа е трговија со свети предмети
Продаванје Икони, Крстови, Коски од Светци
Продаванје Молитви, делови од Крстот на кој бил распнат Исус
Зборот доага од Симон, во библијата е опишан како човек што сакал да купи со пари дар од Светиот Дуџ


А што е тоа Благодат ?
На пример, може да се каже, се исполни црквата со благодат.
Благодат е посебно чувство, посебна неискажлива убавина која ние ја чувствуваме во црквата.
Кога ќе видиме убава икона, убавв крст, прекрасно изграден храм, кога ќе чуеме убава духовна песна
Или кога ќе се сретнеш со извонреден човек, свештеник, или монах, духовник, и твоето срце трепери.

Што е Благослов

Благослов, значи Благо Слово.
Во црквата посебен дар да благословуваат имаат свештениците, со нивните од Бога дадени молитви.
Но и секој човек може да благослови со убави благи зборови
Човек што е полн со Зборови на Љубовта, тој е полн со благослови.

Двоглав Орел и двоглава змија
Чести симболи за Господ Исус во Православната Црква
Двете глави се симбол за двета природи во Христос, Бог и Човек
Змијата е симбол за неговата мудрост, а орелот за неговата возвишеност
Змијата со две глави се наога на жезалот (стапот) на Архиепископот
Со овој тој симболично го пасе своето стадо, со мудроста на Христос Господ
Исус вели, како што Мојсеј ја подигна змијата, така ќе биде издигнат Синот Човечки


 Нема Литургија без Епископ  Ова е правило на Црвата од првите десет векови
Бидејќи нема доволно Епископи, Литургијата се служи без нив, т.е. се служи од
п
резвитерите
Овој проблем почнал полека да се јавува кога на 6 Голем Црковен Собор, Црквата им забранила на Епископите да се женат
Што е Црва ? по дефиниција на сите Православни Отци и Учители - Црквата е народот кој се собира околу Епископот
Без Епископ, нема Црква,
н
ема Литургија

 Што е тоа 666

6 е шестата Божја заповед - НЕ УБИВАЈ
Исус вели - Ѓаволот е човекоубиец
Телевизија - Крвави Филмови, Насилство, Терор,
Крвавите филмови на ТВ, оставаат длабоки траги во нашето срце. Тоа е Страшен Белег
Тоа е печат на Убиство, тоа е печат на шестата ** 6 Божја заповед (Не Убивај)
Бројот на Ѕверот, Број на Човек, 666 Според Библијата
e сли што Зборува
Отвори Библијата,
Откровение на Св Апостол Јован Богослов, 13гл
Единствената слика што зборува на овој свет е телевизија и крвави игри на компјутер
Најголемото зло на денешното време се Крвави Филмови и Крвави Игри


ЛИТИИ
Оваа
пракса е целосно искоренета од Црквата
Тоа се ЛИТИИ. Литија значи одење на црквата по улиците на градот
Тоа се правело скоро на секоја вечерна богослужба, значи секој ден, со молитви и песни
Со овие литии се осветувале улиците, луѓето, и целиот град или село
Убавината на православната Богослужба станувала дел од секојдневните настани, на полето, по дворовите, на плоштадите
Сите луѓе
на се радувале, славеле, се молеле, пееле, и собирале вечни благослови.

Што се НЕФИЛИМИ спомнати во Библија (1 книга Мојсеј, 6 глава)
** 
Во оние времиња - а и подоцна - на земјата беа Нефилими,
     Кога Божјите синови општеа со човечките ќерки, па тие им ги раѓаа оние деца.
     Тоа се оние, од стари времиња, по сила прочуени луѓе.
Се работи за мешање на две човечки племиња, а не за мешање на ангели и човечки ќерки како што мнозина веруваат.
Дел од децата на Адам и Ева го носеле Духот Божји, овие се нарекувале Синови Божји
А останатите го изгубиле Светиот Дух, овие се нарекувале синови човечки (човечки ќерки)
Децата од овие мешани бракови (Нефилмимите) биле многу силни, големи, но во Божјите очи не биле добри
Затоа покасно Господ го праќа потопот во времето на Ное и го намалува човечкиот век на живеење
За да не се злоупотребува силата на Духот од непослушни луѓе
За нас останува нејсно кои биле заповедите Божји во она време пред потопот и како овие луѓе го организирале својот живот
Може да претпоставиме дека Бог зборувал преку Светиот Дух, преку Синовите Божји и ги советувал луѓето како да живеат на земјата
Но бидејќи немало послушност, се случил потопот како и големото намалување на годините, од илјада на 70, просечен животен век


Во еден манастир на света гора, монасите живееле послободно
И Господ дозволил варвари да го нападнат манастирот
Кога дошле варварите, од иконата во храмот на манастирот Исус извикал ајде побрзајте
А Дева Марија му ја затворила устата на Исус и им кажала на монасите да бегаат
Од тогаш на оваа икона е нацртана Дева Марија како му ја држи устата на Исус
Оваа случка ни кажува колквава е силата и застапувањето на Марија, кога таа се моли за нас

Во црквата постои предание, да бидеш презвитер (свештеник) треба да си женет или монах, и да имаш 30 години
Со цел да бидеш поискусен, смирен, одлучен, со смирен ум, и целосно посветен
Тука е наследена еврејската свештеничка пракса  Затоа Исус почнал да проповеда на 30 години

Покајание, доаѓа од зборот Метаноја
Означува промена, преумување, од зло кон добро. Од лага во Вистина
Грев, Амартиа, значи промашена цел, кога човек е на погрешно место, кога живее без Божјото Слово


 Исус вели: Мат 23 ** Никого на земјата не го нарекувајте свој Отец ... а вие сте сите браќа
Црквата Презвитерите и Епископите ги нарекува ** ОЧЕ, Отци
Праксата на презвитерите да им се обраќаме со Оче, Отец .. потекнува уште од првите векови
Оваа Христова заповед е запишана единствено во евангелие по Матеј
Некои богослови мислат дека ова Евангелие, бидејќи на еврејски изворно било запишано
Во првите години не било присутно во црквите, кои со голема брзина растеле во Рим и Мала Азија
А покасно кога ова евангелие е преведено на грчки, праксата веќе зафатила длабоки корени
А во Византија кога славата на црквата порасна во огромни размери
Епископите со време добиа уште повозвишени титули, како на пример Владика
** Вашата Пресветост, Владико Свети
Дали овие титули му припаѓаат само на Господ
?

Според искуството на Црквата, овие титули будат стравопочит во срцето на народот
Презвитерите и Епископите се носители на страшни тајни, и со нив мораме да бидеме крајно сериозни
Секоја несериозност може да го навлече Божјиот гнев на нас
Затоа кога се обраќаме на ближните свештеници, најдобро е да ги почитуваме преданијата за
титулите
Сличен е одговорот и за бакнување раце на презвитерите и епископите
Некои монаси не дозволуваат да им ги бацуваш рацете, но тоа е израз на нивното крајно смирение

Кога би ја сватиле буквално заповедта за Отец, не би требало и својот роден татко да го нарекуваме Татко
Ап
. Павле, Авраам го нарекува Татко, и себе си се нарекува Татко на црквата, што кажува дека заповедта на Исус не е буквална

Римјаните 4
  ** За сите потомци авраамови кој ни е Татко на сите нам, според напишаното
                        ** Те поставив татко на многу народи

1 Коринтјани  ** Зашто, ако имавте и десет илјади воспитувачи во Христа;
                             Сепак немате многу татковци, зашто јас ве родив во Христа Исуса преку Евангелието.

Зошто Исус ја дава оваа заповед ?
Оваа заопвед се однесува на свештенството, да не си помислат
за себе дека се господари
Но со голема љубов и смирение да го водат народот кон спасение, внимателно, со сите дарови што ги имаат како свештенство.




  РАНО ЛЕГНУВАЊЕ
Раното легнување, секој ден, рано во кревет, е еден од најголемите благослови за еден човек, за едно семејство. Тоа може да донесе во домот огромна среќа, радост, мир, здравје, благослостојба и многу други благослови.

Да размислиме кои луѓе рано си легнуваат во светот а кои касно и каков е нивниот живот.

- Деца и ученици, си легнуваат рано, и ова е еден дел од светот со посебни привилегии, огромна енергија, елан, радост ...
- Монаси, ова е група која што може да се пофали со над 100 години животен век, ретка група што може да се пофали дека не посетува доктори, со огромна животна сила, здравје и неискажливи благослови.
- Болни луѓе, стари, исто така рано си легнуваат, бидејќи им треба сила, здравје, и некако длабоко чувствуваат дека раното легнување може да ги освежи и да ги врати.
- Спортисти, сите легнуваат рано, си знаат самите зошто и сите знаеме какво треба да биде здравјето на еден спортист.

- Кафана, коцка, казино, карти, пијаници, наркомани, пушници, ноќни барови, полноќни клубови, сите овие седат касно по полноќ и знаеме какви се последиците од ваков живот. Страда срцето, и сите органи и целото тело, и често ваквиот живот води во емотивни депресии, нервни болести, стравови, немир, кошмари ... сето ова е сосема спротивно од горните групи на луѓе.

Постои научна студија, може да се провери на интернет, луѓето што седат доцна навечер се склони на тешки заболувања. Ова се поврзува со вештаката светлина, која на сеуште неразбирлив начин за модерната наука е штетна за здравјето.

Докажано, дека спиењето од 22 ч. до 2 по полноќ е најважно за човек, и овој период ако си во кревет, се полниш со огромна енергија и здравје.

Од тука може да ја разгледаме Божјата волја.
Пишува, би вечер, и би утро. Господ дава светлина за активен живот и дава темнина за одмор, за размислување за молитва, и овој одмор навечер е најблагословен, и најдобро е сите да го почитуваат.

Еве и една парабола.

Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ па му каже `Пријателе дај ми на заем три леба оти ми дојде еден пријател од пат и немам што да му принесам` а оној од внатре му одговори и рече `Не ме вознемирувај, вратата е веќе затворена и децата се со мене во постела, не можам да станам да ти дадам`. Но ви велам, ако не стане да му даде затоа што му е пријател, но ќе стане заради неговото настојување и ќе му даде колку што му траба.

Оваа парабола се однесува за упорноста во молитвата, но има и друго значење. Семејството што си легнале сите заедно, имале дома леб.


 

Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie