|
|
НАМАЛУВАЊЕ НА ОСЕТЛИВОСТА
Целта на оваа
форма на пропаганда е токму тоа што го кажува нејзиното име. Во секое
општество постојат настани, состојби и одредени личности кои
предизвикуваат разни силни емотивни состојби. Најчесто таквите настани,
состојби и одредени личности се во насока на неодобрување до отворено
апсолутно неприфаќање. Значи тие спаѓаат во негативностите кои се
појавуваат во дадено Доколку се појави одредена групација која посакува слободно и без препреки да врши одредени дејства кои се во нејзин интерес надвор од дотогашното нормално, морално и етичко однесување таа група ќе мора да ја намали негативната емотивна осетливоста на поголемиот дел од даденото општество. Таа група ќе направи обид да го доведе даденото општество до степен на прифаќање на своите ставови колку и да создаваат негативни појави нивните ставови во напредокот на даденото општество. Истотака постојат групации кои се надвор од даденото општество кое има некаква потреба да интродуцира "нов начин" или ако сакате "модерен" начин на однесување. И двата вида на групации би ја користеле оваа техника со цел нивните интереси да бидат во најмала рака на ниво на толеранција. Доколку успеат тогаш одат на целосно прифаќање дури и практикување на нивните интереси од даденото општество кое е цел на промена на менталитет. Намалувањето на осетливоста е многу покомплицирана техника од другите и доста потешка за спроведување во дело поради факторот кредибилитет и поради самата природа на пропагандата. За да биде оваа техника применета на правилен начин но и да биде ефикасна во својата намена постојат неколку работи кои првин треба да се извршат. Прво, самата пропаганда треба да биде опуштена, без да предизвика многу емотивност, скоро незабележлива. Успехот во намалувањето на осетливоста многу зависи од честата изложеност на дадената тема. Ова не значи ништо друго освен дека зависи од навикнување преку повторувачки асоцијации (Павлов). Истотака самата пропагандна активност треба да се шири како дадената тема да е старомодна, веќе видена работа за која не треба публиката да се загрижува, едноставно за да не добие кредибилитет дадената тема. Второ, треба да се истакне дека е потребно да се користи монотонијата при известувањето на дадената тема. Ништо ново не е пожелно да се известува и самото известување да биде што е можно подосадно. Интервјуата кои би се правеле би се правеле исклучиво со досадни личности. Значи, досадноста преку монотонијата е клучот на успехот затоа што дава лажно чувство на секојдневие. Да се добие чувство дека дадената тема, интересот на дадената група, се случува постојано или пак сите го прават тоа (види Заедничка Кочија). Трето, се користи техниката Селективно Прикажување. Значи, противаргументите на дадената тема не се прикажуваат, се прикажуваат само аргументите кои одат во прилог на прифаќање на таа тема (интересот на дадената групација). Се подразбира дека најбитниот елемент кој доведува до успехот е големата и честата изложеност на темата. Да се набие дадената тема во главите на публиката и да им скисне од слушање за неа. Техникава е најефикасна кога за некој настан, личност или состојба постојат аспекти кои се прикриени. Аспекти кои, доколку излезат во јавноста, ке наштетат многу на интересите на тој или тие што пропагираат нешто. Ефикасноста во оваа техника се гледа кога или доколку излезат тие аспекти во јавноста. Доколку јавноста е апатична кон новите сознанија техниката е успешно спроведена. Клучот на успехот, но и начинот на користење на оваа техника е: Едноставно да се намали осетливоста кон дадена тема кај публиката (јавноста) пред да излезат на виделина сите факти, кога ќе се дознаат сите факти публиката (јавноста) би била апатична кон нив. Сеедно би им било, едноставно им е скиснато од слушање за дадената тема. Пример: Отворен и јасен пример нема да добиете. Само пробајте да размислите: Зошто не реагираме на дадени теми од стопанскиот криминал? Зошто не реагираме на дадени теми од неуспесите во економијата? Зошто не реагираме на дадени теми на растечката сиромаштија? Зошто не реагираме на дадени теми на растечкиот криминалитет? Зошто не реагираме на кршење на тнр релативен мир (еуфемизам)? Зошто не реагираме на дадени теми од присилно истераните од своите домови? Зошто не реагираме на дадени теми на ...????????? Ги има премногу за да се запишат. Можно ли е како општество да ни е намалена осетливоста на ... дадена тема?!?! |