Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Назад

ЛИБЕРАЛИЗАМ

 

  Терминот "Либерализам" всушност означува два различни става во политичката филозофија. Едниот став е про-индивидуалистичкиот принцип на луѓе и власт. Другиот став подразбира про-државен принцип или попознато како "социјална демократија". Многу е битно да се знае разликата помеѓу овие два става за да се избегне забуна при одредувањето или проценувањето на одредени групи и нивното политичко однесување. Самиот збор либерализам значи слобода. Про-индивидуалистичкиот став е попознат како "Класичен либерализам", и најчесто се користи при именувањето на овој став. Вториот став на либерализмот, социјалниот демократски либерализам, е попознат како "Модерен либерализам" се подразбира дека, доколку во активностите на модерните либерали не се истакнува социјалистичкиот концепт. Про-индивидуалистичкиот став на класичниот либерализам дава поуверлива дефиниција на либерализмот и неговото политичко - филозофско значење тежнее повеќе кон слобода и толеранција отколку кон желби за интервенирање и правда како што се промовира во про-државниот, колективистички став на модерните либерали.

  Друга битна разлика во промовирањето на либерализмот на двата става е во истакнувањето на еднаквоста во општеството. Каде што ставот на модерните либерали за еднаквост по системот "сите се исти" потекнува од желбата да се создадат услови во едно општество на еднакви можности е критикуван од страна на класичните либерали. Класичните либерали укажуваат на тоа што сите луѓе не се родени со исти способности, таленти и мотивации што всушност значи дека обидот да се израмнат луѓето во општеството по формулата "сите се исти" всушност означува намалување на способноста или слободата на поталентираните да дејствуваат и работат на својот напредок што всушност се контрира со ставот на либерализмот.

  И класичниот и модерниот либерализам се согласуваат во создавање строго определена одговорност на власта кон непристрасност, На овој начин можностите  за еднаквост во општеството се загарантирани. Исто така, власта треба да биде неутрална во проценката при оценување на значењето: што треба да означува добар живот, или попрецизно кажано, немешање на власта во едно општество во животите и институциите кои го сочинуваат тој живот. Со ова либералите го оправдуваат промовирањето на општествени теми како: еднаков третман пред законот и државата, слобода на живот на начин на кој поединецот смета дека му е најдобро, правото на сопственост и др. Самиот либерализам ја прифаќа и ја истакнува толеранцијата помеѓу луѓето. Најбитно за либералот е доктрината на толеранција да дозволува прифаќање на грешки, односно во потрагата за подобар живот, во етичка смисла, а преку тоа и создавање на погоден политички живот меѓу поединците во дадено општество. Луѓето прават грешки и треба да се дозволи истите тие да учат и да се адаптираат како што тие самите сметаат дека е потребно. Едноставно кажано луѓето имаат право и слобода да живеат во незнаење или пак да се во потрага по знаења како што самите ќе одлучат. Скептицизмот кој постои кај либералот кон експерти кои тврдат дека знаат што е во најдобар интерес на другите е присутен и во двата става на либерализмот. Либералите одбиваат секакво мешање во животите на луѓето и какво било мешање го сматаат како неоправдано и контрапродуктивно. Животот, како што го гледа либералот, треба да се води како себе ориентирана потрага по сопствената среќа, а не како наметнување на своите ставови и мешање во животот на другите. Тука модерните либерали додаваат дека е потребно да се овозможи еднаква дистрибуција на ресурсите во општеството за да се овозможи живеење на етичкиот добар живот како што поединецот смета дека треба да го живее. Од друга страна класичните либерали ова го сметаат како намалување на слободата преку аргументите: кој би ги набавувал и дистрибуирал самите ресурси и кој би бил над сите за да одлучува кој е неспособен за да си снабдува или одлучува за себе.

  Значи, либералот е во потрага по најдобрата форма на владеење која би му дозволила на индивидуалецот да живее како што самиот смета дека е етички добро.

Назад