Балканска Салата


-4 компири
-2 главици цвекло,
-4 јајца,
-1/2 кг. кисели краставички,
-1 дцл. јогурт,
-100 гр. ореви,
-100 гр. црни маслинки,
-оцет, масло, црн пипер, сол.

Компирите сварете ги со лушпа, а цвеклото посебно. Сварете ги и јајцата. Излупете ги компирите и цвеклото, исецкајте ги на коцки и ставете во длабока чинија. Тврдо сварените јајца исечете ги исто на коцки и измешајте ги заедно со цвеклото и компирите. Додајте ги исечените краставички. Извадете ги семките од маслинките, исецкајте ги и ставете во чинија. Јогуртот измешајте го со сецканите ореви и ставете го во салатата. Додајте сол, масло, оцет и уште еднаш добро измешајте.

                                                                          Бурек со месо
- 1/2 кг. готови кори,
- 1/2 кг. мелено телешко месо,
- 1 чаша јогурт,
- 3 до 4 јајца,
- 1 чaша масло,
- 1 главица кромид,
- сол,
- 1 чаша кисела вода
Исечете го кромидот и запржете го на загреано масло. Во кромидот ставете го меленото месо, посолете го и добро измешајте го, но не го прежете. Во подмачкана тепсија редете 3 до 4 кори, премачкајте ги со месо и така се по ред додека не ги потрошите корите и филот. Наредениот бурек исечете го на коцки и прелијте го со следниот прелив: изматете ги јајцата, додадете го јогуртот, киселата вода и маслото и сето тоа добро имешајте го. Со подготвениот прелив натопете го бурекот и оставете да стои 10 до 15 минути. Печете го во добро загреана рерна

 

Капама од млад кромид

Залејте ги со врела вода црвените пиперки за да омекнат, потоа извадете ги дршките и семето. Прелијте го гравот со врела посолена вода за да набабри и оставете го да постои, а потоа истолчете го јадро. Исечете го кромидот ситно, испржете го со маслото, додајте ги црвениот пипер и исецканото нане или измелената чубрица и со оваа запршка залејте го набабрениот грав. Смесата измешајте ја добро и полнете ги пиперките. Редете ги во сад, по можност вертикално, налејте врела вода или сок од кисела зелка и варете ги на тивок оган се додека не омекнат. Јадењето се сервира студено. По желба можете да го потпечете во рерна.

 

Превземено од "Македонска национална трпеза

 

Колач со ореви и смокви


-2 јајца,
-180 гр. шеќер,
-100 гр. маргарин,
-100 гр. сецкани ореви,
-100 гр. сецкани суви смокви, -1 прашок за пециво, брашно по потреба, ванила и шеќер во прав.
Изматете ги добро јајцата со шеќерот. Додајте го маргаринот и оревите како и сецканите суви смокви. Ставете го прашокот за пециво и додавајте брашно по потреба да добиете меко тесто. Ставете го тестото во подмачкано плехче да се пече. По печењето додека е уште топло исечете го на коцки и посипете го со шеќер во прав во кој претходно сте ставиле ванила.

                                                                             КОМПИРИ СО ЏИГЕР
Килограм компири,
250 телешки или јунешки дроб,
главица кромид,
црн пипер,
едно јајце,
млеко, маст, сол.

Излупете ги компирите, измијте ги, обарете ги и внимавајте да не се преварат. Извадете ги, исечете ги на половина и со лажичка издлабете ги. Извадената средина изгмечете ја со вилушка или пропасирајте ја. Дробот измијте го и сомлете го на машина за месо. Кромидот исечкајте го ситно и испржете го, додајте го мелениот дроб и иситнетиот компир пропржете го малку а потоа ставете црн пипер, сол и ставете го јајцето. Се убаво измешајте и полнете ги вдлабнатините на компирите, наредете ги во подмачкана тава, налејте го со млеко и така компирите ќе бидат облеани и попрскајте ги со растопена маст. Печете ги во рерна се додека да се вцрват.

 

Пасирана чорба од грашок

За ова јаденје е потребно:

Грашокот сварете го во малку солена вода. Загрете ја маста, ставете го ситно исецканиот кромид да се пропржи, па додајте го брашното и запрзете го додека не зацрви, ставете го згмеченото лукче, доматното пире, долијте малку студена вода и вода во која сте го вареле грашокот. Сварениот грашок испасирајте го добро , додајте го на приготвената запршка , додадете вода и се заедно оставете да се провари. По вкус засолете, ставете црн пипер и магдонос. Посебно служете испржени коцки леб.

Превземено од "Македонска национална трпеза"

 

                                                                 ПИЛЕ ВО СОС ОД ДОМАТИ
1 пиле
500гр. домати или 4 лажици доматена салца
1 лажица маст
2 лажици брашно
1 бабура
1 главица кромид
магданос
керевис
сол
шеќер

Измијте го пилето, исечете го на парчиња и сварете го. Доматите исечете ги на парчиња, ставете ги во тенџере со многу малку вода. Во доматите ставете го кромидот, црниот пипер, ситно исецкан магданос и керевис. Откако ќе се свари, пропасирајте го. На маст запржете го брашното и налејте го со пропасираниот домат и додајте ја супата во која се варело пилето на многу тивок оган. На половина час пред јадење во сосот од домати ставете го пилето.

 

Пиле филувано со спанаќ

 

- 1 пиле
- 1/4 спанаќ
- мала шолја варен ориз
- парче леб натопено во млеко и исцеден
- лажица рендан кашкавал
- мала главица кромид
- сол, црн пипер, чешне лук.

Обарете го спанаќот, исцедте го меѓу дланките и исецкајте го. Додајте ги сите останати состојки (кромидот и лукот ситно исецкани). Се заедно промешајте. Пилето измијте го, исушете го и посолете го. Во утробата ставете го филот. Отворот сошијте го со бел конец и прицврстете го со чачкалица. Пилето ставете го во подмачкана тепсија и пешете го околу еден час. Повремено додавајте по малку вода и прелевајте преку пилето.

Пилешко на селски начин


-2 пилиња од по 500г,
-100г брашно
- 1 лажица сол,
- 1/2 лажица црн пипер
- 2 лажици путер,
- 1 лажица масло
- 8 стракчиња млад кромид,
- 8 млади компири
- 8 печурки,
- 4 резанки чадена сланина,
- 3/8 пилешка супа,
- 1 лажица нишесте и
- две лажици издробен магдонос.

Пилешко со печурки


-1 пиле (1 кг.) -1/2 кг. крупни печурки,
-100 гр. сланина,
-2 лажици пармезан,
-2 кришки леб (натопени во млеко и исцедени),
-сол, црн пипер, магдонос, масло

Одвојте го стебленцето од печурки и исецкајте ги ситно. Сланината исецкајте ја и запржете на масло. Во истата маснотија испржете ги исецканите печурки. Во посебен сад ставете ги сите состојки за филот и измешајте се заедно. Со филот наполнете ја внатрешноста на пилето. Отворот зашијте го со бел конец и прицврстете го со чачкалица. Пилето ставете го во подмачкана тепсија и печете го еден час. Одвреме навреме ставајте по малку вода и преливајте го пилето.

ПИНЏУР

 

- 1 кг зелени пиперки
- 1 кг домати
- 1 модар патлиџан
- масло, сол, 2-3 чешниња лук

Зелените пиперки, доматите и модриот патлиџан ставете ги во голема тепсија во рерна да се испечат. Испечените состојки излупете и истолчете ги. Додајте го истолчениот лук, превријте го маслото и додајте ги во пинџурот. Измешајте се добро и посолете по вкус.  

Полнети модри патлиџани

-10 модри патлиџани
-250 гр. овчо срирење
-6 јајца
-масло
-сол
-магдонос

Измијте ги патлиџаните, исечете ги дршките и ставете ги да се варат се додека не омекнат. Патлиџаните извадете ги од врела вода и веднаш налејте ги со студена вода. Кога патлиџаните сосема ќе се оладат пресечете ги на половина по должина, извадете го семето така да остане еден дел од кората. Земете тава, намачкајте ја со масло и наредете ги еден до друг, така да вдлабнатата страна стои нагоре. Сирењето испасирајте го, додајте 6 жолчки, ситно сецкан магдонос и посолете. Направете снег од 4 белки, измешајте го со сирењето и полнете ги патлиџаните, а во секој патлиџан ставете по една лажица масло. Ставете ги во рерна и печете ги на тивок оган. Се служат како предјадење.

Потпечени модри патлиџани со јајца

-1/2 кг. модри патлиџани,
-3 јајца,
-200 гр. домати,
-100 гр. кромид,
-150 гр. овчо сирење, -100 гр. масло,
-1 филџан млеко,
-1 лажица брашно,
-црн пипер, магдонос, сол.

Исецкајте го модриот патлиџан на коцки и динстајте го на масло заедно со ситно исецканиот кромид. Кога ќе омекнат патлиџаните, посипете ги со брашното, додајте ги доматите претходно излупени и исецкани и продолжете со динстањето. Откако ќе зоврие течноста што ја испуштил зеленчулот, јадењето тргнете го од оган и додајте му изгмечено сирење, сол, црн пипер и магдонос. Сето тоа заедно измешајте го и пресипете го во подмачкана тава. Прелејте го со иматени јајца и млеко и ставете го во врлеа рерна да се пече се додека не зацрвени.

САЛАТА СО ТУНА

-500 гр. домати
-2 пиперки (црвена и зелена),
- 1 главица зелена салата,
- 1 кутија туњ,
- оцет, сенф, сол,
- 3 кисели краставички,
-100 гр маслинки (црни и зелени) ,
- 2 тврдо варени јајца,
-2-3 мали краставички за украсување.

Исчистените пиперки исечте ги на половина, а потоа на резанки. Доматите исечете ги на кришки, отстранете ги семките и сокот. Зелената салата исцедете ја од водата и наредете ја на дното на чинијата за салати. Туњевината иситнете ја, додадете го маслото од конзервата, сенф, оцет, малку сол, и на тркалца исечените краставички. Додадете ги доматите и пиперките (малку намастени) и дел од маслинките, внимателно измешајте и наредете ја смесата во чинијата за салата. Салатата украсете ја со тркалца тврдо варени јајца, краставички и маслинки. Служете со топли лепчиња или црн домашен леб.

                                                                  СКОПСКА ПИТА СО ЈАБОЛКИ
За тестото:
250 гр. брашно
120 гр. путер или маргарин
2 јајца
70 гр. мелени ореви
кора од лимон
За филот:
1кг. кисели јаболка
120гр. шеќер
2 лажици рум
125гр. слатка павлака
1 ванила

Измијте ги јаболките, излупете ги и исецкајте ги ситно. Посипете ги со шеќерот, додајте рум и вино и пропржете ги додека не омекнат, оставете ги да се ладат. Замесете го тестото и оставете го на ладно место малку да отстои. Ставете го тестото во подмачкан плех и развлечете го до дебелина од два сантиметри, а потоа ставете го да се пече во загреана рерна. Исеченото тесто премачкајте го со спремениот фил. Изматете слатка павлака и прекријте ја питата.

 

Тавче гравче на тетовски начин

За ова јадење е потрбно:

Измијте го гравот и сварете го. Внимавајте да не се развари (зрната треба да останат цели. Исцедете го, но не сосем, треба да остане малу вода, потоа додајте малку пропржен ситно сецкан кромид со повеќе масло, во кој сте ставиле црвен пипер.

Вака приготвениот грав ставете го во плех или во земјена тава, залејте го со маслото, посипете малку брашно и ситно исецкан магданос и нане и наредете неколку црвени суви пиперки. Додајте црн пипер и по желба неколку чешниња лук.

Вака приготвеното тавче ставете го во рерна да се пече. Во летна сезона можете одозгора да наредите тркалца домати и зелени пиперки.

                                                                    ТЕЛЕШКА ЈАНИЈА СО СПАНАЌ
1 кгр. гелешко месо од
градите, 1 кгр. спанаќ,
2 главици млад кромид,
масло, брашно,
црвен пипер и сол.

Исечете го месото на парчиња, ставете го во сад, налијте студена вода колку да се покрие месото а потоа варете го. Во друг сад на масло пропржете го кромидот - ситно исечен, потоа додајте го спанаќот исчистен и ситно исечен, пропржете го додајте една лажичка брашно, се добро промешајте, додајте малку црвен пипер и се ставете во месото откако тоа ќе биде наполу варено. Посолете го јадењето, поклопете го и ставете го во рерна или на крајот од шпоретот малку да прокрчка. Готовото јадење треба да биде без многу сос.

Чорба од тиквички


- 1 тиквичка
- 1/2 главица кромид
- 50 гр. маст
- 2 лажици брашно
- 1 лажичка црвен пипер - миродија
- 1 јајце и оцет
Ставете ја маста да се загрее, додајте го брашното и малку пропржете го. Потоа додадете ситно сецкан кромид. Кога ќе пожолти кромидот додајте го црвениот пипер и излупената и на ситни коцки иссецкана тиквичка. Пропржете малку и налејте со вода како за секоја чорба. Кога ќе омекнат тиквичките додајте малку миродија.
Добар апетит!

Штипски пастрмајлии

(ЗА 4 ЛИЦА)
- 1 кг. брашно
- свинска удина
- 200 гр. маст
- 4 јајца
- пакетче квасец (25 грама)


Додајте го растопениот квасец во брашното и со вода замесете средно меко тесто. Изработете го добро тестото и оставете го некое време да постои за да скисне. Потоа разделете го тестото на 4 еднакви дела, секој дел посебно расплескајте го како за не многу голема погача.
Исечете го месото на ситни парчиња, посолете го и разделете го на 4 дела и ставете го на четирите пастрмајлии. Распоредете го месото врз целите кори, околу секоја кора направете витка од тестото, врз месото ставете парчиња маст и ако сакате црвен пипер. Ставете ги вака подготвените пастрмајлии во рерна да се печат на 250 степени. Откако ќе се потпечат малку на секоја пастрмајлија ставете по едно изматено јајце и вратете ги во рерната да се испечат. Се сервираат топли.